Јагнешка глава
Јагнешка глава, главно јадење
Потребни состојки:

1 кг. јагнешко месо
3 главици кромид (млад)
500 гр. компири
Масло за јадење
Свеж магдонос
Листови свежо нане (мирудија)
Сол
Црн пипер


Ја ставаме јагнешката глава во тенџере на оган да се вари, ја насолуваме и ја оставаме околу 1 час. Во меѓувреме ги лупиме компирите, ги сечеме на помали парчиња и ги ставаме во традиционална македонска земјена тава. Ги насолуваме, додаваме и малку вода и промешуваме. Откако ќе се свари јагнешката глава, ја вадиме од тенџерето и одделуваме неколку парчиња месо. Јагнешката глава ја ставаме врз компирите, а од околу го ставаме и другото месо. Главиците младо кромидче (и перцата) ги сечкаме и ги ставаме врз месото и компирите. Нарасуваме и сечкан магдонос, мирудија и црн пипер. По потреба додаваме и уште малку сол. Вака подготвената тава ја ставаме во рерна да се пече околу 45 минути на 200оС.