Гурабии со сало – саларки
Гурабии со сало – саларки, десерт
Потребни состојки:

1 кг. брашно
½ кг. сало
250 гр. шеќер
3 јајца
1 кесичка прашок за печење
1 кесичка ванилин шеќер


Салото, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер додека да се растопе шеќерот. Се додаваат 3-те јајца и пак се мате со миксер. Потоа, се додава брашното во кое претходно имавме измешано 1 кесичка прашок за печење и продолжуваме да го месиме тестото со рака додека да се соедини. Формираме гурабии по сопствена желба, ги редиме во плех и ги печиме во рерна на тивок оган.