Јагнешко со ориз
Јагнешко со ориз, главно јадење
 Потребни состојки:

1 кг. јагнешко месо
3 главици кромид (млад)
300 гр. ориз
Масло за јадење
Свеж магдонос
Листови свежо нане
Сол
Црн пипер


Го ставаме јагнешкото месо во тенџере на оган да се вари околу 1 час. Го насолуваме. По 1 час, во тава на оган ставаме да се загрее масло за јадење и во него ставаме сечкан млад кромид да се пржи. Потоа го додаваме оризот. Оваа содржина ја претураме во земјена тава и во неа налеваме од водата во која се вареше месото (претходно процедена). Потоа во земјената тава ги редиме парчињата јагнешко месо и зачинуваме со малку сол, црн пипер, свеж магдонос и свежо сечкани листови нане. Земјената тава ја ставаме во рерна да се пече на 200С околу 45 минути.