Турли тава
Турли тава, главно јадење
потребни состојки:

1 кгр. мешано месо (свинско, телешко)
½ кгр. боранија
5 парчиња бамја
1 модер патлиџан
1 тиквичка
5 зелени пиперки
2-3 главици кромид
2-3 чешлиња лук
3 домати со средна големина
1/2 кгр. компири
1/2 кгр. Моркови
Свеж магдонос
Масло за јадење
сол
Црвен и црн пипер


Мешаното месо го сечеме на покрупни парчиња и го пропржуваме додека малку не зарумени. Го вадиме месото, а содржината во која се птжеше ја претураме во голема длабока земјена тава и ги додаване боранијата, модрите патлиџани, кромидот, тиквичката, зелената пиперка и доматите (ситно сечкани), потоа, бамјата и морковот (сечкани на кругови), компирите сечкани на покрупни коцки, чешлињата лук се ставаат цели. Се посолува, се става магдонос, црван и црн пипер. Се промешува, и одозгора се ставаат претходно пропржените парчиња мешано месо и на крај целата смеса се залева со врела вода и се става во рерна да се пече на температура од 200оС, 2-3 часа.