Пробугарска причинска анализа за војната од 1913
Во Глава V (“Војната и меѓународното право“) од Извештајот на Карнегиевата балканска комисија, пристрасниот известувач за се ги товари Грците и Србите, а Бугарите ги штити!

Балканскиот сојуз и Турција 1912 година пред војните за подлеба на Македонија

Иако, токму Бугарите и Србите прават таен договор за поделба на Македонија, известувачот исклучиво Србија ја обвинува за неговото кршење! (договорот меѓу Бугарија и Србија од 29.II./13.III.1913)

• Испаѓа дека не е битно што и двете земји прават договор за војна врз туѓа земја и народ (Македонија и македонскиот), но е побитно која од двете страни прекршила ваков договор.

• А каков е овој договор? Всушност, тој е против меѓународното право и обичаите на војната за кои патем сака да расправа известувачот. Две држави договараат војна за територии на трета (во случајов Турција). А договорот е полн и со тајни анекси.

По ова тој ќе заклучи:

“Вистина е дека не можело да биде изненадување, бидејќи Србите и Грците ја гледале војната како незибежна од самиот почеток. Тие всушност, биле во многу подобра состојба на подготовки, од воена гледна точка, одошто Бугарите.“

(стр.249 од македонскиот превод од Извештајот на Карнегиевата балканска комисија, 2000 год.)


Германска карта со линиите на разграничување помеѓу балканските државички од 1913 година

• Карнегиевиот известувач, Бугарите не само што ги прави правно изиграни но и воено, иако тие со секоја од двете земји потпишуваат договор како да зграбат свој дел од македонската земја. Ова е како да бранете еден од тројца арамии, оти останал со помал плен заради непридржувањето кон “чесниот” арамиски збор на другите двајца?!

• Во толку алч и лакомислие по туѓи добра, некој извисува, но никој па и известувачот, и не помислуваат за страдањата и гибелот на македонскиот народ, не, тие мислат кој кого насамарил?!

• Кога ги анализира придржувањата кон Женевската Конвенција при судирите во Македонија, известувачот пак само Бугарија ја прави најдоследна. Само во нејзината војска иако ограничено на офицерите за обука им се предавала Женевската Конвенција а за грчката и српската не му било познато?!

Врв на бранењето на Бугарите виза ви Грците и Србите е и следниот заклучок:

“Само во Бугарија Комисијата можеше, по повеќе обиди и преку приватен извор, да дојде до документи кои покажуваат дека во текот на последната војна се правеле барем некакви обиди од старешините на одделни воени корпуси да престанат злосторствата спротивни на правото и обичаите на војната”

(стр.251 од македонскиот превод од Извештајот на Карнегиевата балканска комисија, 2000 год.)

• Известувачот не ги негира злосторствата на Бугарите врз Македонците но ги замаглува со она дека Бугарите низ документи “правеле барем некои обиди од старешините на одделни корпуси да престанат злосторствата...“!?

• И пак нормално “непристрасниот” известувач (кој се претставува како Комисија) само до Бугарија добива расположиви документи а не и од Србија и Грција и тоа по некој “прватен извор”! И да е од Павел Милјуков, многу е.