Општина Кавадарци

Територија на Општина Кавадарци: 391 км.
Население: 37189 жители. Клима:
Четири годишни времиња, просечна годишна температура 13,5 Ц, жешки суви лета и снешни зими.


Територијата на Општина Кавадарци се простира на подрачјето на средно Повардарие и делот на Црноречието, од браната „Тиквеш“, до сливот во реката Вардар, па се до висорамнината Витачево и зафаќа значителен дел од Тиквешката котлина.

Кавадарци според досега откриените археолошки локалитети било населено уште од времето на неолитот. Исто така овде се откриени и белези од населби во античкиот период и средниот век. Денеска Кавадарци на посетителите им нуди необично и богато доживување. Наследството од средновековниот период претставено преку прекрасните цркви, Марковата кула, пештерските убавини за кои вреди да се планинари. Доживејте ја Тиквешијата и патувајте низ антиката, низ времето, традицијата, низ центарот на Македонија.

Големината на овој народ не е во неговата бројност, туку во добрината и гостопримството.

http://www.kavadarci.gov.mk