Софија, подигната и обновена од цар Македонец
Софија, денешниот главен град на Бугарија, лежи во западниот дел на оваа земја, во пространа плодна и густо населена котлина (оваа котлина е со површина околу 1185 км2, долга е околу 120 км. и широка 40-50 км.).

Современа Софија

Котлината е помеѓу Стара планина (Балкан) на север и масивот Витоша (2290 м.) на југ, на околу 550 м надморска висина. Софија е политички, културен и економски центар на Бугарија но и важен балкански сообраќаен јазол на копнени и воздушни патишта. Низ Софија водат најкратките главни магистрали на правецот: Панонска низина - долината на р. Морава – долината на р. Нишава – долината на р. Марица – Истамбул како и патиштата од бугарското подунавје кон Егејското Море. Воздушниот сообраќај, пак е поврзан со поголемите градови на Бугарија, Европа но и светот (важни меѓународни линии).

Русите кога ќе ја одредуваат престолнинта на новото кнежество под нивни патронат во 1879 год, не случајно ќе ја изберат токму Софија за оваа улога. Тие ја увидуваат стратешката местополжба на град од кој најбргу може воено да се реагира на подрачјата од Србија, Македонија и понатака (Босна и Црна Гора на запад, Албанија и Грција на југ или Романија и Хрватска на север). Од Софија најдобро се контролира правецот од Моравско-Вардарската долина што и е докажано со брзите продори на Бугарите и Германците во I и II свестка војни. Затоа и се нарекувал постојан ”Дамаклов меч” за овој стратешки правец.

Царот Трајан ја подига првата римска воена населба на местото на денешна Софија
Но како настана овој град, токму овде? Имено, тргнувајќи од ваквата стратегиска потреба, уште Римјаните под царот Трајан (Marcus Ulpius Traianus), подигаат мала населба (Ulpia Serdica) која прераснува во провинциски важна населба (Dacia ripensis) за време на Марко Аурелие (Marcus Aurelius). Римјаните градат често вакви повеќе воени населби. Но населбата страда по нападите од Готите во периодот од 386 – 372 год. и особено од Хуните во 442 год. кога е целосно и за долго уништена и раселена. Цел век на оваа место нема да има ништо.

А потоа на истото место еден голем цар-Македонец, ќе подигне нов град, обновувајќи ја важноста на ова место. Тој е царот на Византија, Јустинијан I (527 – 565 год.) роден во с. Таор крај Скопје, енергичен и образован воин, поборник за ослободување на сите територии од Византија завземени од варварските народи. Особено се грижи за родната Македонија која ја обезбедува од секаде со заштитни приоди и утврдувања. Затоа Јустинијан (Falvius Petrus Sabbatius Justinianus) подига многу тврдини и градови, гради патишта и мостови на најстратешките места и правци од империјата. Ако најголемата и најубавата нова престолнина му е родната Јустинија Прима (Скопје) како чувар на Вардарската долина но и надзор кон сверната Моравска долина, тогаш новиот град (крај денешната Софија) ќе е надзор над двете долини. Јустинијан не само што го подига од руините но интензивно го населува и утврдува. За разлика од Римјаните каде градот има повеќе воен карактер, Јустинијан градот го цивилизира и економски и културно го поврзува.


Јустинијан I, го подига и обновува градот Средец - Софија (илустрација со најблиската свита)

Во почетокот на IX век овој град го освојуваат Бугарите но византската држава и Македоците не се помируваат со ова. Така, најпрвин го освојуваат Македоците под царот Самуил кој се издига по внатрешните борби околу престолот на Византија. Под нив градот е до 1018 год. кога со средувањето на приликите околу тронот на Византија, се превзема од Валие II (од македонската династија) и неговите наследници. Од овој стратешки центар (во ова време именуван како - Средец), а користејќи го како база, Византија подолго ќе испраќа трупи за походи против Србите и Унгарците. Градот потоа, ќе потпадне под кумано-влашките владетели (1194 год. со т.н.р “II бугарско царство“ зачнато од Асен и Борис а завршено со Калојан) но не за долго. По пропаста на ова ново царство, градот е под византиските и српските владетели. Под Турците, Средец (Софија) потпаѓа во 1375 год. и е се до 1877 год. кога го ослободуваат Русите.


Остатоци од средновековниот град Средец

Името Софија, градот го добива во XIV век а интересно е што во XV век тој е претворен во голема трговска колонија на градот Дубровник од каде бројни трговски карвани доаѓаат и тргуваат низ царството. Во XVI век, Софија е претворена во седиште на румелискиот беглербег. По руско-турска војна од 1877/8 год. и завземањет од Русите, на 22.III.1879 год. е прогласен за главен град на новото кнежество Бугарија и забзано се преобразува. Од тогаш е и неговиот понезевисен развој како град. Како и да е, за неговиот настанок и понатамошен развој најважна е улогата на царот Македонец - Јустинијан како и другите цареви Македонци на тронот од Византија.