Џизија (главарина)
Џизијата или главарина е порез кој во османлиската империја еднаш годишно го плаќало немуслиманското население, наместо военита обврска. Таа изнесувала 12-24 дирхеми.
Можела да се плаќа и во натура со соодветни земјоделски или сточни производи. Од џизијата биле ослободени жените, децата, старците, сиромашните и возрасни мажи со физички или умствени мани.

Џизијата е давана и во закуп на една година. Собирачите на џазијата се нарекувани “џизјадари“ и ги одредувал везирот. Овој вод данок подоцна со посебен закон од 1855 год. е заменет со војница, но е наплатувана и понатаму се до младотурската револуција од 1908 год., кога пак воената обврска е проширена на сите христијани.