Македонец во трката за Нобелова награда
Меѓу 205 номинирани се и американскиот претседателот Обама и францускиот лидер Саркози.
 Претседателот на Соединетите Држави, Барак Обама и францускиот лидер Никола Саркози се номинирани за Нобеловата награда за мир меѓу вкупно 205 личности и организации што е рекорден број предлози, пренесува Франс прес.

- Добивме 205 кандидатури, вклучително и оние за 33 организации, за агенцијата изјавува Геир Лундестад, директор на Нобеловиот институт во Осло. Ова е нов рекорд по 2005 година, кога пристигнаа 199 предлозии, додаде тој.

Агенциите посочуваат дека меѓу кандидатите се американскиот музичар Пит Сигер, македонскиот сликар и општествен деец Живко Поповски-Цветин и австриската хуманитарна организација СОС Киндердорф интернешенелл.

Идентитетот на кандидатите вообичаено 50-тина години се држи во тајност до објавувањето, но се случува некои имиња да протечатт во медиумите, ако авторите на предлозите решат јавно да ги соопштат.
-Номинациите сами по себе не се посветеност на витештвоо од страна на Нобеловиот комитет, кој ги определува наградените, прецизира Лундестад.

Предлози имаат право да дадат илјада лица-парламентарци и министри, поранешни лауреати, членови на редица меѓународни институции, некои универзитетски професори и самиот Нобелов комитет, посочува АФП.

Името или имињата на годинешните лауреати ќе станат познати во октомври. Минатата година со престижното одличје беше награден поранешниот фински претседател и меѓународен посредник Марти Ахтисари, потсетуваат агенциите.