Македонец освои прва награда на научен конкурс
Вашингтон 19 март (МИА) - Шестооделенецот Велјан Митровски од мултијазичното основно училиште „Ојстер Адамс“ во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина...
Вашингтон 19 март (МИА) - Шестооделенецот Велјан Митровски од мултијазичното основно училиште „Ојстер Адамс“ во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина за изумот со кој се штеди електрична енергија преку поставување соларни плочи на семафорите во главниот град на САД, јави Гласот на Америка на македонски јазик.  

Велјан вели дека бил инспириран од главната тема на проектот – како да се заштеди енергија, особено во актуелниот момент на голема економска криза.

За сите семафори во Вашингтон, 12-годишниот Митровски пресметал дека ако се инсталираат неговите соларни плочи, за една година би се заштедиле точно 251 милијарда 942 милиони киловат-часови електрична енергија.

Велјан ја доби наградата на Саемот за математика, наука и технологија што на ниво на основни училишта секоја година се одржува во главниот град на САД. Неговите родители се на привремен престој во Вашингтон, а по враќањето во Скопје тој планира да го презентира проектот и пред соучениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов“.