I книга, Седумте римски кралеви
Тит Ливиј, во оваа своја прва книга и наслов од обемната “Ab Urbe condita”, ги започнува со историјата на Рим од 509 год. п.н.е (753 по римско сметање) вплеткувајќи историски и митолошки мотиви, настани и ликови.
Почетокот му е со двата клучни лика за историјата на Рим, всушност поразени Тројанци, бегалци од Тројанската војна кои доаѓаат на Италско тло и ги основаат градовите, се мешаат со староседелците и од што подоцна ќе се оформи новиот народ - Латините од кои пак потекнуваат Римјаните.

Затоа и првата сцена кај него е осветничката мисија на Ахајците против преживеаните Тројанци од Тројанската војна. Тој поставува два лика Ајнеј (Аенеј) и Антенор кон кои Ахајците се воздржувале од секаква казна зашто тие двајца отсекогаш биле за мирна разврска на спорот и враќање на Хелена. Кои се овие ликови (и Хелена)?

Венера
• Ајнеј (Аенеј) – потомок на Ѕевс и Дардан, син на Тројанскиот принц Анхис и божицата Венера (Афродита) но и основач на моќта и славата на Рим. Според најпозната легенда токму Ајнеј ги поведува неговите преостанати Тројанци на запад кон Италија каде го основа Рим. Но Ајнеј најпрвин трнал преку Тракија во Македонија од каде пак потоа преку Самотракие тргнал кон брегот на Епир каде срдечно е дочекан од Хелен и Андромаха. Хелен му прорекува долг и мачен пат кој ќе се завршел на место каде бела свиња под царско дрво дои 30 прасиња и каде Ајнеј ќе основал град. Ова токму така и се се одвивало, според прореченото па генерациите Римјани на Ајнеја ќе му укажуваат божествено почести а ќе го сметаат и за свој велик предок.

• Антенор – праведен и мудар Тројанец, советник на кралот Пријам. Лично, гостољубиво ги пречекал во својот дом ахајските јунаци Одисеј и Менелај кои барале да им се врати грабнатата Хелена. Во текот на војната кога е прекршен договорот, Атенор ги советува Тројанците да ја вратат Хелена. По разорувањето на Троја, Атенор ги погребал Поликсена и паднатите Тројанци а потоа отишол во Кирена. Според едно предание тој најпрвин дошол во Тракија, Македонија или Илирија а потоа од таму во северна Италија. Но во некои подоцнежни преданија токму Атенор се споменува и како предавник на својот народ (Тројанците) затоа што се сметало дека токму тој со факел им дал знак на Ахајците и ја отворил вратата на дрвениот коњ.

Средновековен приказ на Хелена од Троја
• Хелена – преубавата ќерка на Ѕевс и Немесис заради која и е водена Тројанската војна. Хелена растела на Тиндареевиот двор а галсот за нејзината убавина се ширел во целиот ахајски свет. Од сите принцови кои дошле да ја бараат раката на Хелена, татко и кралот Тиндареј одлучил ја даде на Менелај кој по смртта на Тиндареј, станал крал на Спарта. При едно одсуство на менелај Парис ја грабнал Хелена на чија убавина во Троја сите ќе се одушеват кога овој ќе ја донесе. Тројанска војна избива кога Тројанците го одбиваат барањето од Одисеј и Менелај за нејзино враќање.