Ливиевото “Ab Urbe condita” и Македонија
Тит Ливиј, освен преобемното дело “Ab Urbe condita” напишал и други дела но тие се изгубени.
Од ова пак обемно дело, од напишаните 142 книги, до нас стигнале 35 книги кои главно зборуваат за убиството на Ливиј Друс во 9-та год. н.е. Веројатно Ливиј бил со намера да ја комплетира римската историја во 150 книги, но ”смртта му го зела перото од раце”. Алузија на насловот авторот прави во VI, I 1 “Quae ab condita urbe Roma…”.

Ливиј пишува за целокупната улога на Рим како воена сила од медитеранот
Ливиј трга во опишувањата од најдревните почетоци на Рим доаѓајќи до неговото време, групирајќи по одредени целини:

- I - V книга - Рим од основањето до галската наезда во 387 год. п.н.е
- VI – XV книга - настаните околу I –та Пунска војна,
- XVI – XXX книга - двете Пунски војни,
- XXXI – XL книга - трите војни со Македонија и крајот на македонското кралство во 168 год. п.н.е ( за нас Македонците особено важни дела).


Останатите дела не можат да се согледаат во поголеми целини зашто се исчезнати. На својата римска историја Ливиј работел три децении (почнал да ја пишува меѓу 29 и 25 год. п.н.е). Кога раскажува Ливиј е носталгичен по старите добри времиња и со право е наречен “laudatory temporis acti”, тој вели:

“ додека ја пишувам старта историја, не знам на кој начин, душава ми станува старинска “ (“…mihi vertustas res scribenti nescio quo pacto antiquus fit animus”).

Ливиј како реторски образуван и самиот вели дека напишал пред се беседничко дело (“opus maxime oratorum”) зашто тој е пред се раскажувач, стилист и ретор а не и историчар. Во негово време опаднале фундаменталните обележја на Римјаните заради и што одлучил преку “documenta exempli omnis” да се заложи за враќање на старите идеали кои мошне долго ги краселе Римјаните. Патриотски изјавува дека сиромаштвото (paupertas), штедливоста (parsimonia) и дисциплината (disciplina) мошне долго и најдолго од сите држави се задржале во римската. Но со зголемување на богатствата се зголемила и желбата за нив до екстремност, па наместо поранешните доблести дошле пороците: лакомоста (avaritia), раскошот (luxsuria) и разузданоста (libido). Затоа и целта на неговото дело била педагошка и едукативна та одлично се вклопила во концепцијата на Октавијан Август за обнова на моралот.

Делото на Ливиј уште во антиката станало популарно, во средниот век не било многу читано но интересот за него се зголемил за време на хуманизмот и ренесансата кога пак воскреснуваат античките вредности. Се знае дека делото на Ливиј им е омилена лектира на мислителите како Данте, Петрарка, Макијавели, Монтескје и др., а фрагменти од него како мотиви за нивни дела ќе користат и Аретино, Корнеј, Алфиери и др.

И покрај некои помали недостатоци или пак предности, Ливиј е најважниот исторографски извор од антиката заради содржинаат од изобиле од податоци за места и настани. За нас како Македонци и нашето македонско поднебјето, ова дело е од особена важност зашто го доразоткрива периодот на римската доминација на овие простори во различните нејзини фази. Особено миговите кога тоа македонско поднебје се бори така долго и упорно да ја задржи својата самостојност и слава од која сите тогашни народи се плашеле.