Антигон II Гонат
(lat. Antigonus Gonatus) (319 – 239 п.н.е ) Македонски крал, син на Димитрија Полиоркет и внук на Антигон Монофталм кој ја воздига моќта на Македонија со која внесува стравопочит кај повеќето народи на Европа и Азија и Африка.
Постигнува многу победи од кои позначајни се оние над Галите кај Лисимахија во 276 год. п.н.е како и над Египќаните на море кај Кос во 254 год.


Монети со ликот на Антигон II Гонат

Сепак иако преку 40 години се бори храбро и со голема вештина, не успева да обезбеди целосна превласт над Грција чии републикански тежнеења ги подржува друг голем македонски крал и династија – Птоломеите кои владеат со Египет и северна Африка. Тоа пак Птоломеите најмалку го прават за Грција но за свој династички повраток над македонскиот престол и обнова на некогашната Александрова моќна империја растегната на три континенти. Тоа е всушност дел од судирот помеѓу дијадосите (Антигонидите со Птоломеите).

(Извори – W. W.Tarn, “Antigonas Gonatas” ,Oksford 1913)