Општина Богданци

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Републиката, и тоа од левата страна на реката Вардар.


Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.
Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Републиката, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од Републиката.
Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавото.
Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.
За бројот на жители и национална припадност ти пратив табела.
Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.
Богданци е добро функционално развиено место и со други стопански и нестопански дејности.

Историјат на општината

Општина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавото, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.
Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавото.

http://www.bogdanci.gov.mk