Димитрија I Полиоркет
Димитрија I Полиоркет (336-283) македонски војсководец и син на Антигон Монофталм, кој под силно влијание на татко си не добива можност за свое докажување на историската сцена особено по кобната битка кај Газа во 312 год. п.н.е.
Димитрија I Полиоркет (опсадникот)
Најпрвин со татко му учествува во борбите на Дијадосите околу наследството на Александар Македонски, се до поразот кај Ипс во 301 год. п.н.е каде татко му е убиен.

Оттогаш се оддржува само на Кипар и Егејот како “поморски крал“, а во 294 год. п.н.е го дофатува македонскиот престол. Но и тој како татко му ќе си постави мисија да ги поврати сите територии од некогашната голема Александрова империја што пак го води во судир со останатите македонски кралеви.Не може да ги победи и им подлегнува во 288 год. п.н.е. Инаку, бил надарен со многу таленти од кој најголем бил талентот за опсади на градаови и изградба на најнови и најприлагодливи опсадни техники. Заради ова и го добива прекарот “poliorket” (опсадувач), ги создава најголемите и најфункционални опсдани маѓини кои ги употребува особено кај опсадата на Родос но и на Саламина на Кипар како и на други утврдувања. Сепак со својата неумереност и претерувања ги довел во прашање своите политички и воени основи.


Подвижните опсадни кули на Димитрија I Полиоркет при опсадата на Родос од 305 п.н.е

(Извори – “Demetrij”, Plutarh; “Demetrios”, J.Beloch, Klio XI (1911г.))