Антигон Монофталм
(lat. Antigonus Monophthalmus) (381 – 301 п.н.е )Македонски војсководец и Генерал на големата армија од Александар Македонски. По освојувањата во Мала Азија Александар го поставува за гувернер на Фригија како еден од најлојалните македонски војсководци.
Дека Александар точно знае кого поставува за Гувернер веднаш се докажува, Антигон ги разбива персиските војски кои по битката кај Ис се прегрупираат со цел да дејствуваат по комуникациите на Александар (за да го отцепат од главните снабдувачки правци).


Монети со ликот на Антигон Монофталм

Антигон Монофталм всушност е основач на новата македонска кралска династија Антигониди а по смртта на Александар. При првата поделба на големата македонска империја во 323 год. Антигон со Фригија ги добива Памфилија и Ликија. Но кога настануваат борбите за наследник на Александар и империјата, Антигон упорно се борел до крај за право над целото царство сметајќи се за најспособен (и противниците го мислат истото но за себе). Но откога син му Димитрија Полиоркет е поразен во битката кај Газа во 312 год. п.н.е веќе наредната 311 год. п.н.е се согласува на договор со ривалите (Дијадоси). Со овој договор Антигон Монофталм ги добива и понатаму во владение азиските покраини но и покрај тоа тој продолжува да војува со нив. Во 306 год. п.н.е се прогласува за крал со што прв ги открива своите крајни цели но и разлутува ривалите - Дијадоси кои се здружуваат и во 301 год. п.н.е во битка кај Ипс го толчат при што и самиот паѓа на бојното поле. Покрај Антипатер, Антигон Монофталм е еден од најзначјните војсководци помеѓу Дијадосите.