Синтезис со одличен настап во Ханој
Македонската етно-група Синтезис го одржа првиот концерт во Виетнам во Опера хаус во градот Ханој.

"Воодушевување, изненадување и прекрасна публика, е нашиот коментар за концерот. За виетнамската публика специјално ја изведовме нивната народна песна "Кеј чук син". Голем интерес има кај Виетнамците за нашите традиционални инструменти", изјави Маријан Јовановски од Синтезис.

Членовите на Синтезис се сретнале со студентите на Ханојскиот конзерваториум, кои студираат на отсекот етно-музика. На средбата биле презентирани сите македонски традиционални инструменти што Синтезисс ги користи во своите изведби.

Следно на распоредот на настапите на "Синтезис" е концертот на 28 февруари, кој ќе се одржи во градот Хо Ши Мин, во престижниот "Сити хол". За разлика од концертот во Ханој, настапот во Хо Ши Мин ќе биде заедно со балетско-симфонискиот оркестар под диригентската палка на маестрото Ле Фи Фи.