Морис Јункер (Maurice Juncker, Франција)
Уште еден од анкетираните видни интелектуалци на Европа од 20-тите години на XX век, Морис Јункер, познат член на Адвокатската комора на Франција и Апелациониот суд во Париз.
Морис Јункер
Oсновач и лидер на “Сојузот на студентите-републиканци на Световната младина”, главен уредник на “Работничкото единство”, основач и лидер на Француските социјалисти и вршител на бројни други државни функции и должности е роден е во 1879 год. во предградието на Париз.

Завршувајќи го познатото Училиште за живи јазици, во еден миг ќе се определи за дипломатска кариера но неговиот спонтан карактер и великодушните смели идеи го префрлаат на друго. Најпрвин се зачленува во Адвокатската комора каде е голем заштитник на обесправените особено бројните работнички организации. Ги брани подеднакво успешно без разлика дали се во прашање цивилни или политички процеси. Во време анкетирањето за “Балканска федерација” го брани и Борис Стефанов заради што властите во Букурешт го протеруваат од Романија.

Од 1905 год. е член на Судскиот совет на Сојузот на синдикатите на Сена, кој му го доверува раководењето со работничкото право, а тој ќе направи оваа ревија да биде една од најценетите.

Уште како млад се приклучува на напредното народно движење. Откога го основа “Сојузот на студентите-републиканци на Световната младина”, тој и официјално им пристапува на француските социјалисти при формирањето. За време на I Светска војна, Јункер ќе му даде поддршка на младинското движење. Но по што е интересен Јункер за нас Македонците? Имено, тој како ретко кој навлегол во суштината на проблемот и особено плеткањата на сосетките во несреќата на Македонците. Добро ја увидел најголемата плеткарка Бугарија и нејзините орудија во Македонија.Што пишува Јункер за се ова при анкетата за Балканска федерација:

“Нема потрагична судбина од онаа во која се наоѓа МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Историјата е само долга низа насилства, грабежи, убиства и монструозни злосторства. Никогаш ни во најлошите епохи, немало полош режим од оној што на Македонија и го наметнаа Протуѓеров и Михајлов. Бандите на ВМРО од името на партијата ги извршуваат своите злодела. ЈА ЛАЖАТ ПАРТИЈАТА КАКО И РЕВОЛУЦИЈАТА. Но тоа стана традиција.
Што ги чека жртвите?
Интелектуалците не можат да се пофалат дека го водат човештвото. Најголемиот дел од нив и служи на дневната политика. А пак другите, оние што немаат душа на слуги, не можат ништо да сторат...“

(во ориганалот):

“Il n`est pas de situation plus tragique que celled u PEUPLE MACEDONIEN. Certes l`histore n`est qu`une longue chaine de violences, de pillages, de meurtres, de crimes monstrueux. Jamais, aux plus mauvaises époques, regime ne fut pis que celui impose a la Macedoine par les factions de Protogueroff et de Mikhailoff. C`est au nom de la Patrie que les bandits de l`Organisation Revolutionnaire Interiuere Macedonienne accomplissent leurs forfeits. Ils mentent a la Patrie comme a la Revolution. Ils sont du moins dans la tradition.
Qui done entendra les victims?
Ce ne sont pas les intellectuals qui se piquent de guider l`humanite. Pour la plupart ils sont asservis aux maitres di jour, dispensateurs de gloire et de fortune. Quant aux autres, a ceux qui n`ont pas une ame de valet, ils ne peuvent rien…”




Од оригиналот на весникот „Балканска федерација“

Факти од согледувањата на Јункер:

1. Во 20-тите години на XX век македонскиот народ е постоечки факт за Морис Јункер (и пак прашањето за негаторите на Македонците – Каде се Тито и Сталин да го “измислат“ овој народ?)

2. Не само тоа, но Јункер е одлично упатен во злосудбата на македонскиот народ и причинителите на истата кои ги покажува со прст нив и особено нивните “маши” - Протуѓеров и Михајлов.

3. Јункер прецизно ги детектира проблемот и последиците кога вели: “Бандите на ВМРО од името на партијата ги извршуваат своите злодела. ЈА ЛАЖАТ ПАРТИЈАТА КАКО И РЕВОЛУЦИЈАТА. Но тоа стана традиција...”

4. Јункер го заокружува сеуништувачкото миље во историјата на еден народ кога покрај туѓо-бандитските терористички слуги ги дава и последиците за интелектуалците и обичниот народ на кои во голиот опстанок ништо не им преостанува (“дел од интелектуалците да служи на дневната политика, а пак другите, оние што немаат душа на слуги, не можат ништо да сторат...”)

5. Дрско и безобразно е денес кога некој ги испревртува работите од тоа време. Забележани од независни и од страна современици на тие случувања, па ни ги воскреваат крвниците како Михајлов и неговата поданичка пробугарска тогашна ВМРО.