Српска преписка XXVII
Петар Карастојановиќ, Генерален консул на Кралството Србија во Солун на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград
Господине Министер!

Со агитациите, кои од страна на Грците и кон Русите наклонетите Бугари, што во Македонија ги правеа, турските власти се најдоа принудени да разни претумбации прават; така во Прилеп претресле едно триесетина христијански куќи и сите хартии, книги и писма што ги нашле, ги конфискувале и во Битола ги пратиле.

Тако исто и овдека еден трговец по име Симота бил претресен и кај него се најдени некои компромитирачки писма, со што е уапсен и спроведен во Битола, бидејќи водел преписка со тамошните некои водачи и заради што е наредено, да тамошниот суд го извиди делото.

Грчкиот Вице косул во Битола, кај кого исто така некои писма се фатени, а меѓу кои биле и едно писмо од овдешниот грчки генерален консул Госп. Докос и кое беше отпечатено во “Rewe orientale”, е повикан од страна на грчката влада во Атина и изгледа дека повеќе нема да се враќа на своето место, но дека Вице Консулатот ќе добие Вице консул од овдешниот Генерален Консулат, Госп. Николау.
Соопштувајќи Ви го ова, чест ми е, Господине Министре, да ве уверам Вас за моето длабоко почитување кон Вас.
Понизен
М.П. Карастојановиќ
Генерален консулат на Кралството Србија во Солун
Дов.бр.20
7 април 1888 година
во Солун


(Извори: Архив Србије, МИД По ф. III, досие IV, Дов. бр. 332/1888 година, “Граѓа за историјата на македонскиот народ” том IV, книга III (1888-1889), стр.114-115, Белград 1987 год.)

Од ова писмо се наметнуваат неколку факти:

1. Заради жестокоста на грчките и бугарските пропаганди (вториве штитени од Русија), турските власти преземаат поодлучни акции за разбивање на овие мрежи во Македонија.

2. Се посочува за таква акција и во Прилеп каде е фатен трговец по име Симота очигледно платеник на грчката пропаганда, на што пак укажува фатеното соодветно писмо и кај грчкиот Вице конзул во Битола Докос.

3. Турците го објавуваат компромитирачкото писмо од Вице конзул Докос во печатот, со што ја разобличуваат Грција и интересите и во Македонија, па фатена на дело, мора да се вади со смена на Вице конзулот.

4. Прашање: Ако грчката пропаганда во Македонија е разобличувана од Турците во 1888 год., зошто денес во 2008/9 год. во слободна Македонија, не се разобличува? Денес има поединци Македонци “трговци” како Симота од она време (каде е и најголема грчката потреба медиуми, политика, економија)?!


5. Слично е писмото од Стојан Новаковиќ до Министерот Франасовиќ (писмо Дов.бр.68 од 9 април 1888 год.) со известуваат од цариградскиот печат за грчки оружени упади во Македонија (кај приморјето на Солун, во Катерини, се истоварени грчки чети на чело со некој Нико сепак укажува на вооружени грчки активности во Македонија). Грција тогаш очигледно применувала пропагандно-убедителен и воено-психолошки притисок врз Македонците, дали е денес по 120 години поразлична кон нас Македонците?!