Џемал Ахмед паша
Џемал Ахмед паша (1872-1922), турски генерал и еден од предводниците на младотурската револуција.
Како и другите водачи на револуцијата разочаран од поразите и истиснувањата од Балканот од малите државички, својот бес го свртува на единствениот преостанат под турска власт православен народ – Ерменците.

Еден од триумвиратот на младотурската влада, Џемал Ахмед Паша
Имено, Џемал Ахмед паша како еден од триумвиратот (со Исмаил Енвер и Мехмед Талат) кој ја раководи новата младотурска влада и како министер на морнарицата во 1914 год. најпрвин се ангажира Турција да влезе во војна на страната од Австро-Унгарија и со тоа се обиде да си ги поврати изгубените територии на Балканот (Македонија и Тракија). Во I Светска војна тој е гувернер на Сирија и командува со 4-та армија со која во 1915 год. не успева да го завземе Суецкиот канал. Но во оваа иста години во бес од неуспесите и страв да не им се отцепи уште единствениот потчинет народ Ерменците, лично учествува во планот за нивна елиминација. Од 800 000 до над 1 000 000 Ерменци според западните тогашни печатени извори се елиминирани на различни начини (особено низ долгите преселнички талкања низ разни краеви на империјата. Одговорни за ова дело се Џемал Ахмед паша и уште двајцата останати од триумвиратот па сите со време завршуваат ликвидирани од Ерменци- патриоти низ разни земји на светот.

По сјајната и клучна победа на генералот Кемал ата Турк во 1915 год. против британско-сојузничките сили на Чанак Кале, Турција е спасена а Кемал ата Турк е личност чија слава и највисоки позиции обезбедени. Загрозени се позициите на триумвиратот чиј дел е Џемал Ахмед паша, што се се завршува на суд не само за злоделата над Ерменците (под притисок на западот) но и за други државнички промашувања.


Турската војска предводена од генералот Кемал Ататурк ја извојува клучната победа против Британците на Чанак Кале во 1915 година

Џемал Ахмед паша по ова и завршувањето на војната е принуден да бега од Турција во Германија, но и таму е несигурен заради ерменската емиграција, па во 1920 год. бега во Авганистан. Таму учествува во организацијата на тамошната војска. Сепак ниту покриеноста и некаквата заштитеност со вклучувањето во авганистанските вооружени сили не го спасува од ерменскиот национален бес. По само некоја година е убиен во Т`билиси од ерменски националист.