Поими од Османлискиот период во Македонија
За време на османлиското ропство во Македонија се во употреба најразличен фонд на турски и ним сродни поими.
Спахијата кога ги испраќал џебелиите во војна ги опремува со најнеопходната воена опрема
 “Џебелија” (tur. “cebeli”, потекло на зборот од персискиот поим за оклоп или “dzebe”), е опремен коњаник кого спахијата на Отоманското царство, со одредени приходи, бил обврзан да го наоружа и испраќа во војна на свој трошок. Џебелиите се регрутирале меѓу робовите, кои спахијата ги заробил во борба или пак ги купил. Од опрема имале коњ, сабја, копје, лак и стрела, кацига и штит. Кон крајот на XVI век, спахиите опремувале по еден џебелија н секои 3000 акчи приход а санџакбеговите и берлегбеговите на секои 5000 акчи феудален приход. Но заради личната корист која ја имале од воените походи спахиите знаеле да опремат и многу повеќе џебелии од предвидената им обврска. По смртта на спахијата, некој од неговите џебелии кој обично се истакнал во војните или пак се зближил со спахијата, можел да наследи дел од имотот на спахијата со што и самите станувале спахии.

(Извор – N. Filipovic, “Pregled na Osmanski feudalizam”, Godishnjak istoriskog drushtva Bosne I Hercegovine”, IV god., Sarajevo 1952)


“Џемат”
(потекло од арапскиот поим “gema`a”, што означува собир, друштво, заедница и сл.), во постарата османлиска војска е една од трите групи јаничарски оџаки. Џематите биле најкрупните единици од капетанската војска (капетании) и се делеле на џемати нумерирани со арапски редни броеви, а овие на оди и буљуци кои во истите џемати биле нумерирани со редни броеви испишани на турски јазик. Според некои извори, силината на џематите се движела од 14-96 војници. По поголемите капетании некои војнички редови имале и по 10 џемати. Во коњичките џемати пониските единици се нарекувале ода или буљук а во останатите нормално ода. На чело на џематот бил ага чии пак заменик се нарекувал ќехаја (ќаа).


Буљукбаша од јаничарска капетанија

(Извор - H. Kreshevljakovic, “Kapetanije u Bosni I Hercegovini”, Sarajevo 1954)

Типови на џефердар пушки
“Џефердар“ (потекло од персискиот поим “dzevherdar”) е долга пушка кременка, со богато украсени цевка и кундак, позната во Турција, Македонија и по другите балканските краишта во XVIII и XIX век. Во Македонија и околните балкански земји уште се среќава по поимите “dzeferdar”, “dzeverdar”, “dzeverdan”, dzeverlija”, “dzeverusha” и “sedeflija”. Цевката од џефердарот често е дамасцирана и тауширана со сребро, а кундакот е дрвен, лачесто свиен и украсен со седеф, сребро или драги камења. Во некои турски документи се спомнуваат големи и мали џефердари па не е сосем сигурно дали џефердарот означува точно одреден тип на кременка. Можно е да овој термин се употребувал за секоја пушка кременка која е раскошно украсена со драги камења или други украси. На некои примероци од овие пушки стојата и имињата од мајсторите кои така богато и мајсторски ги украсуваат.

(Извор – Samibej Frasheri, “Kamus- i turku”, Istanbul 1317 по хиџра; V.Churic , “Starinsko oruzje”, Sarajevo 1926; M. Pakalin, “Tarih Deyimler ve Terimleri Sozlugu”, Istanbul, 1947).