Пропагандна слика – поединец и маса.

Не се ретки случаите од различни интервенции во корист на ваквите осуденици, што е чист облик на мешање во внатрешните работи на земјата.


При ова најмалку е битно што лицето руши и негира чувства на милиони припадници и тоа во нивната матична земја, но битното е што тој бил “обесправен  “ во правото да обесправува припадници на друг народ?!.
Бугарските пропагатори денес од поединец Македонец кој зема  Бугарско државјанство, прават сензација и вештачки создаваат атмосфера на “општо чувство“ особено ако е личноста јавна како  екс-премиерот Георгиевски.

Со поединецот Ал Масри и неговата “обесправеност“, се држат многу  држави на Европа, вклучително и Македонија под притисок за различни отстапки. При ова се замаглува вистината дека Ал Масри и навистина во своето минато бил член на Исламистичка Организација, што и било повод за деталните проверки на ова лице. Но Евро-Парламентот распарава со месеци за “обесправеноста“ на овој поединец, но отфрла да расправа за цели народи чии права секојдневно се загрозуваат, како што беше отфрлената иницијатива за  загрозените права на македонскиот народ од Бугарија. Се разбира тоа отфрлање беше од други “по-прагматични“  потреби, иако и Судот во Стразбур пресуди во полза на македонскиот народ.

Основно во пропагандната слика  за поединецот е ако нема доволно компромитирачки аргументи и факти за државата, треба да се пронајдат и исконструираат. Мотивите се секогаш политички а најмалку се хумани како се представуваат, важното е само да се најде нешто или некој со кого може да се манипулира за да се подхранат впечатоците во мегународната јавност, како за народ (држава) со недемократски (полициски) средства.

Што ли би ги навело угледните листови од типот на “Washington post” , “Gardijan”, “Tajms” и др. да пишуваат за безначајни поединци од малата балканска земја?!. Нивната – хуманост?!, сигурно не, па тие самите се финансираат од – некој крупен капитал, кај кого секако личниот интерес е на прво место.
Вториот - вид пропаганда (индоктринацијата) е пораширена и поопасна. Таа за разлика од првата која е со променлив интензитет, значи слабее па знае да порасне до степен на кампања,  вторава е со постојан интензитет. Индоктринацијата е планска и со оглед на методите, средствата и носителите, уште поразрушителска.Основниот цел на индоктринацијата е да се освојат симпатиите, позтивното расположение и интересот за трајни определби на народот за своите вредности и стремежи. Таа е така темпирана да го обезвредни и стави под целосен сомнеж дотогашниот верувачки и изграден систем на вредности кај нападатиот народ.Иако тоа го прави како да наизглед не се на тоа усмерени директно но го постигнува истото со вешто  избрани  различни информации сервирани по штампата, публикациите, филмовите, изложбите, радио и контакт емисиите, личните контакти и др. начини.И овде секако се препознават Бугарските индоктринации но не помали се и Србските а во однос на народносната припадност на македонскиот народ.