Градење пропаганден публицитет

Составен дел кон “грижата“ за правата и слободите е публицитетот кој му се дава при апсењата, пресудите и сл. дејства кон поединци колку и да се минорни и неважни случки.
Секој случај се регистрира и иако се малубројни, креаторите на пропагандата ги пропратуваат со коментари за постоење на “политичка опозиција“, “обесправена а осознаена народност“ и сл..Пр. – затварањето на Зоран Вранишковски (Јован) и Српските протести, тепањето на љубителите од Мара Бунева и Бугарските протеси, кои иако немаат подршка но се изолирани случаи, Србската и Бугарската пропаганда направија од нив “мачениц“. При ова се крие негативното (пр. , дека Вранишковски направил мн. проневери со црковни пари, дека чествувањето на Мара Бунева не било пријавено а од натепаните немало Бугарски државјани и сл.). Но се удира по државните мерки на заштита од пропагаторот, преку Официјални вербални ноти, медиумски хајки, специјални емисии, временски “дозирани “ соопштенија и предупредувања од Организации за наводна заштита и обесправеност.
Заради поголема тежина на соопштенијата од организациите за заштита на вакви или онакви права и нивната “ звучност” и тие се од “звучни организации“ (“Американско – Православната црква“,”Американскиот Србско-Грчки Православен сојуз“ , “Вселенскиот Патријарх“ и др. а кај Бугарите и Грците со заканите од Евро-институциите каде членуваат и гласаат). Суштинското е имињата самите за себе да оддаваат “величина” (важност и некаква невидлива но “застрашувачка присутност“ на битен фактор) .
|