Разбивање бугарска пропаганда на личности
Омилена бугарска пропагандна магла е со личностите Македонци кои од разни причини биле во бугарската војска и војувале за неа (некои дошле и на повисоки позиции).
Уште ако војувале во Македонија, е тоа за Бугарите е целосен доказ за нивното (а преку нивното види, и на сиот македонски народ!) “бугарско потекло”. При ова, Бугарите преминуваат преку следниве факти:

- тие личности се само - поедини личности, а не цел народ,

- дел школувани во бугарски училишта при немање македонски, се дел од понатамошен процес на впивање во бугарското општество (оние од српските и грчките училишта завршувале во тие армии),

Таткото на Страшо Пинџур, Димо, загинува на Криволак 1915 година како мобилизиран бугарски војник, од што Бугарите му вадат „бугарска“ национална свест, а премолчуваат од кого загина син му Страшо
- други, принудени се да одат токму во бугарската војска од страв дека од соседската битка за Македонија, можеби токму ќе припаднат под Бугарија заради близината на нивните места или сл. (оние под српска и грчка мобилизација пак таму). Одредени семејни судбини најдобро ја разбиваат бугарската пропагандна теза. Така, додека Димо Пинџурев загинува како мобилизиран бугарски војник 1915 година од што бугарите си вадат негова бугарска националност, синот Страшо Пинџур со загинувањето токму од Бугарите и школувањето во Белград според оваа бугарска теза може да си го присвојат Србите.

- трети, се насилно мобилизирани, некои и загинале па денес си ги водат Бугарите како жртви за бугарската кауза! Оконостите како се мобилизирани никој и не ги знае (50-те војници Македонци жртви од војната во 1991 год. во бившата ЈНА, некој по 100-тина години може да си ги присвојува како “Србокомунисти”, се борат со петокраки и за српски цели-тогаш претставувани како спас на Југославија!)

- четврти, иако свесни за засебната македонска националност во годините на конечната поделба од сосетките, се повлекуваат и едноставно кај се нашле таму се снаоѓаат во новите околности,

- но на сите нив заради поделбата, кохезијата им се топи (таа е поголема кога е еден владетел, како дотогаш Турција), поврзаноста се разбива од повеќеслојноста на различните балкански административни бариери,

- почетокот на XX век не дава можност на народите кои немаат свои национални држави да го дадат својот полн потенцијал во нив, па се предмет на злоупотреба од државите кои или ги завојувале или пропагандно разорувале (најдобар пример е Австро-Унгарија, многу народи дури по нејзиниот распад создале свои национални држави-Чесите, Словаците, Хрватите, Словенците, Романците, Полјаците, Босанците и.т.н) и.т.н.

Од последново, Хабзбуршката монархија има врвни војсководци како и броен команден кадар, но денес на ум не им паѓа на Австријците нив да ги слават како Австријци по род. Како заслужни граѓани во историјата –да, но преку нив да им лепат свои национални етикети на сите народи од кои потекнувале тоа сигурно не.


Како на заслужни свои граѓани Австро-Унгарија на поединци од потчинетите народи им подига споменици (соменик на фелд маршалот Светозар Бороевиќ)

За најдобро да се увиди како изгледа оваа бугарска магла низ призмата на други, еве една таква личност – најуспешниот австроунгарски командант во I Светска војна, кој иако Србин по род, и против нив ќе војува:


Фелдмаршал Боројевиќ Светозар (von Bojna)

Најуспешниот австо-унгарски војсководец од I-та Светска војна е Србинот Светозар Бороевиќ
- 13.XII.1856 год., роден кај с.Уметеќ –Костајница (Босна), а племенскиот надимок “von Bojna” го добива според истоименото родно село на неговата мајка од Банија.

- 23.V.1920 год. , умира во Клагенфурт-Австрија како австриски Фелдмаршал и единствен кој го достига овој највисок чин а по потекло од Балканските народи поданици на Австрија.

- Лично учествува во окупацијата од страна на Австрија врз родната Босна во 1878 год. по што и се издига неговата војничка кариера. Го завршува военото училиште и работи во Генералштабот на австриската војска.

- 1887 год. како искусен Генералштабен офицер е професор на Воената Академија во Виена каде учествува во образувањето на многу идни генерации офицери.

- 1912 год. со големото искуство и наобразби поставен е за Командант на 6-от Корпус со кои и ќе војува во I Светска војна подоцна.

- 26-30.VIII.1914 год., како Командант на 6-ти корпус ја води познатата битка кај Томашево, каде со енергични напади го врзува рускиот центар од 5-та армија додека со опфатен маневар на австро-унгарските крилни корпуси не ги присилил Русите на повлекување.

- септември 1914 год., Бороевиќ е Командант на 3-та австро-унгарска армија со која цврсто ги брани Карпатите во текот на зимата 1914/15 год. и го задржува стратегискиот гребен на еден од најкратките правци за продор од Галиција во Унгарија (Санок-Мишколц).

- 27.V.1915 год., по стапувањето на Италија во војна како австриски противник Бороевиќ е поставен за Командант на 5-та армија со која го брани фронтот на р. Соча во родната Босна, против далеку посилните италијански сили (особено во артилерија и авијација).

За големиот број на заслуги за империјата Бороевиќ е одликуван со бројни одличија и титули иако е Србин
- август 1917 год., поставен е за Командант на Група армии чие јадро го чинат 1-та и 2-та сочанска армија како и други помали единици.Во двете клучни битки на Соча (“Сочански битки“), спроведува цврста активна одбрана со противнападни дејствија од пониските единици.

- 15.VI.1918 год. на барање од сојузничката германската Врховна команда и покрај неповолниот сооднос на силите, Бороевиќ трга во офанзивна битка кај р. Пијава каде има успеси при форсирањето на реката. Но противничките италијански сили се далеку побројни па присилен е да ги повлече организирано своите сили.

Бороевиќ Светозар за големите заслуги кон Австро-Унгарија одликуван е со орден Марија Терезија од II степен и му е доделен благородничи статус со племскиот предикт ”von Bojna”. За разлика од Бугарите кои се што војувало во нивните редови национално си го присвојуваат, Австријците не си ја присвојуваат националноста на најуспешниот свој војсководец од I Светска војна, само оти војувал за нив а дури и против свои сонародници. Ниту нему ниту на илјадниците други офицери од различните народи кои од било какви причини се нашле во нејзините трупи.

За Бугарите пак доволно е и само што Гоце Делчев кратко учел во бугарско воено училиште а камо ли да по некоја случајност продолжел во бугарската армија да се бори за неа. Затоа и преќутуваат зошто го напушта и во кои околности, едноставно вадат тоа што им одговара, многу повеќе додадватаа, фалсификуваат и слично и со умствена гимнастика го вадат за “Бугарин”, а потоа со уште поголема преку него ни вадат и нам – на целиот македонски народ!?