Бугарите по втор пат кон Македонија
14 јули 1939 год., во Берлин бугарскиот цар Борис III посетувајќи го Хитлер бара и негова интервенција до југословенската влада за отстапки на нејзини области околу Цариброд (денешен Димитровград) а за сметка на Бугарија.
 Февруари 1940 год. пак цар Борис III бара од Хитлер нешто слично но сега кон Романија од која Бугарите ја сакаат Јужна Добруџа.

Цар Борис III
Јуни 1940 год.
, Бугарија (владата) пак бара од својот патрон а преку амбасадорот Драганов “мал чекор” т.е. - излез на Егејско море, враќање на Јужна Добруџа и корекции на југословенско - бугарската граница.

22 јули 1940 год., овие барања пак попрецизно но и подраширено ги соопштува екс Министерот за финансии на Бугарија Рисјаков со државниот потсекретар на Германија: враќање на Јужна Добруџа, излез на Егејско Море кај Дедеагач и корекции на југословенско - бугарската граница кај Димитровград, Босилеград и Струмица.

ноември 1940 год., цар Борис III, Претседателот на бугарската влада Богдан Филов од една а Хилер и Рибентроп од друга – гермаска страна водат пак преговори сега и за Македонија како ново бугарско желание.

Нешто подоцна Хитлер и Рибентроп разговараат со Богдан Филов и Попов – Министерот за надворешни работи на Бугарија. Хитлер официјално не го покренува “македонското прашање”, ја чека Југославија дали ќе му се приклучи во Оската. Но на Бугарите им ветува дека по ова прашање “Германија најживо ќе ги поддржува барањата на својот бугарски соборец во светата војна“.

03.XII.1940 год., Бугарите се нервозни и нестрпливи, преку амбасадорот Драганов на Фирерот јасно му ставаат до знаење дека приклучувањето на Бугарија кон Тројниот сојуз е сигрна и готова работа но доколку се реши “малцинското прашање во Македонија“.

Цар Борис III, во Берлин е во посета на фашистичкиот сојузник Хитлер
04. I .1941 год
., премиерот Филов уште појасно им става до знаење на Хитлер и Рибентроп дека Италијанско - Грчката војна го актуелизира прашањето за Македонија. Хитлер е внимателен, ништо не им одговара зашто седи на два стола - ја чека Југославија да му се придружи за што пак и ја ветува Егејска Македонија од Грција а на Бугарија само и клима потврдно.

01.III.1941 год., Бугарија веќе не може да чека и официјално и се приклучува на Оската а истиот ден кај Русе првите германски офицери го минаа Дунав. Нивна задача е да ја напрвата Бугарија плац-дарм за нападите против Југославија и Грција. Како мираз за бугарската мажачка со Германија, германците им носат германско оружје и заробени полски авиони.

26/27. III.1941 год., по масовните демонстрации во Југославија и превратот со кој на власт дојдоа прозападни власти, Хилер збеснува. Истото попладне на 27.III.1941 год. го прима бугарскиот амбасадор Драганов и во разговор од само 5 мин. му соопштува дека “македонското прашање ќе се реши со оглед новата ситуација во Југославија, во смисла на бугарските сфаќања и барања“.

Со ова дефинитивно Македонија повторно по неполни 23 години пак се подели и граба.

Рибентроп клучен преговарач со Бугарите за нивните барани прошерувања кон Македонија
18. IV.1941 год. бугарскиот амбасадор Драганов испраќа телеграма во Софија, во која возбудено соопштува дека: “Рибентроп, по наредба од Хитлер, ме задолжи да ја соопшти желбата на Фирерот со три дивизии да влеземе во српска Македонија, како окупаторски војски, и да ја превземеме администрацијата, за да се ослободат германските војски од таа грижа и да бидат употребени за дејство“.

21 и 22. IV.1941 год. во Виена главните претставници на Оската, Рибентроп (Германија) и Ќано (Италија) ја кројат новата геоплитичка карта на веќе капитулираната и освоена Југославија на рутински состанок. Но и тука најголемо време одзема пазарењето на Бугарите кои сакаат што поголем дел од Македонија (Вардарска и Егејска). Особено ги сакаат Охрид и Солун “националниот скапоцен камен на бугарската круна”.

23.IV.1941 год. ниту Италијанците ниту Бугарите не се задоволни од залаците кои им ги фрли Хитлер во својата дефинитивна согласност од овој датум. Ќе следуваат преписки и нови разговори.