Пропаганда и шпионажа

Обемот на една пропаганда врз одреден народ (држава)  варира во зависност од меѓународната ситуација внатрешните случувања и односите на народот (државата) во моментот со  другите.


Методите и содржината се разликуваат по тоа кои се силите кои стојат зад одредена пропаганда и со кои средства се води.Во ова смисла тие се делат на два основни вида:
а) оние со отворено и грубо омаложување и негирање на основните вредности на народот (државата)
б) оние со иста цел но на поиндиректен и “обландиран “ начин, т.е. со  популаризација на достигањата и вредностите кај друг народ (држава) со цел нагласување на предностите во однос на народот (државата) кој е на удар на пропагандата.Овој начин е попознат и како – индоктринација.
в) Првиот - се врши преку печатот, радиото, ТВ, Интернетот како современ медиум, научни собири, анкети, непосредни контакти со граѓани и сл. На пример едно од најчесто тенденциозно, произволно и злонамерно третирање на прашања кај одреден народ ( држава) е прашањето за – Демократските права и слободи. Колку и да е народот (државата) отворена со  проток на странци кои можат да се уверат во демократијата, пропагандистите ке кажуваат се во најдолна смисла. Дека нема демократија, дека има стотици  затворени и гонети, се гушат  елементарните верски, политички, етнички и др. права и слободи. Своите заклучоци а дефинитивни ”факти“ се формулираат најчесто на основ изјава од поединци од народот (земјата) кои одамна политички и морално потполно се дисквалификувале од народот земјата и преминале на страната од пропагаторот. Кај македонскиот народ во минатото има вакви личности – Христо Матов, Иван Гарванов, Борис Сарафов, Христо татарчев, Ванчо Михајлов, Коста Црнушанов  и др. прејдени во Бугарската пропаганда, кај Србската  – Јован Бабунски, Зоран Вранишковски и др.