Ајдутсвото како нужно средство на отпор
Расчеречен во безизлезна материјална положба, прогонуван, понижен и експлоатиран до крајни можни граници, македонскиот народ немал друг излез освен отпорот и борбата.
Македонскиот народ во ова време, не одел во борба од идеја туку од нужда, од неопходност. Оваа борба и отпор пред се е во форма на ајдутсво. Ајдуците пак не биле романтици ниту идеолози, туку реалисти. Во основата на ајдуството лежи општествениот протест против насилствата. Тоа било бунт против неправдите, против експлоатацијата, против верската и народносна дискриминација во сите сегменти на живеењето.

Конкретните поводи, едно лице да стане ајдутин, биле различни, но основните причини биле ропските услови, тешкото национално, политичко и социјално угнетување, турските насилства и неправди. Насилставата биле едни од најважните причини за одење во ајдуци. Ајдутсвото значи е во најтесна врска со зулумот и насилството. Со незаконските зулуми оделе и законските неправди како што биле честите конфискации, реквизиции, неправедните судски одлуки, се побројните даноци и ангарии и сл.

Дубровничките трговци преку дипломатски пат се жалат за ајдутските атаци врз нивните карвани во Македонија - илустрација на средновековен Дубровник
Искористуван како крепосник, понижуван како човек и народ, амкедоснкиот селанец се нашол во очајна положба. И токму затоа, ајдуци станувале онеправдани луѓе, најчесто решителни селани кои доживеале некој зулум и неправда. Дубровчаните како трговци чии карвани морале да минуваат низ несигурните патишта на Македонија преку своите дипломати и сугерирале на Портата за причините на ајдутсвото. Во преписките тие ги посочувале како главни мотивирачки моменти за одење во ајдутсво, токму зулумите и неправдите. Но и другите странски дипломати кои ги познавале внатрешните прилики на Турција слично известуваат. Така еден странски дипломат пишува: “Лошата постапка на турските власти кон христијаните е основната причина што тие се собираат и грабаат по друмовите“.

Но покрај странските преписки и документи и самите турски преписки ја потврдуваат причината за ајдутсвото како отпор. Така во еден ферман од 21 јули 1595 год (“Muhimme defteri”.73, л. 3) се увидува свеста на властите за причините на отпорот. Октомври 1658 год., битолскиот кадија им наредил на спахиите да не ја малтретираат рајата и под изговор дека има ајдуци во нивното село да им земаат пари и друго бидејќи токму тоа може да ги натера уште помасовно да се одметнат (Битолски сиџили. 17, л. 10). Во два други документи од август 1704 год. се вели: “Тие им го грабаат целиот имот и на рајата им велат – Вие сте ајдути во филјан место; така ги мачат, им го грабаат имотот и ги принудуваат да одат в планини. Тие се причина со сила да станат ајдути“.

Иљо Малешевски се одметнува заради убиството на брат му
Познато е дека дедо Иљо Малешевски отишол во ајдуци бидејќи Турците го убиле брат му Станко. Во 1847 год. Мано Марков како каспин во Тиквеш на негов муштерија кој си платил месо му го пакува и чува дури овој оди да заврши некоја друга работа. Но доаѓа Турчин и барајќи кавга го зема токму тоа месо без да плати. Мано го стига по пат и со касапскиот нож го ранува заради што е уапсен и мачен. По повеќе неуспешни интервенции, брат му Христо со повеќе свои другари го напаѓаат затворот, го ослободуваат Мано и се одметнуваат во ајдуци. Христо е до 1862 год. во четата на Мано а до 1867 год. во четата на Филип Тотју. Значи директната причина е најразлична а со време ајдуците се движат низ најразлични средини и чети со што ајдутсвото им станува еден вид професија, зашто назад ниту смеат ниту можат и да сакаат. Едноставно, низ средновековието ајдутсвото е единственото нужно средство за отпор на македонскиот народ против секојдневните неправди од Османлиите.