Бугарски приграбувања на македонското ајдутство
Интересно е и дека и Бугарите поради важноста на објавените документи од Ваздравели ги обработуваат, но тие отишле уште подалеку во грабежот на автентичното македонско ајдутство како и научната вистина.
Имено доументите од Виздравели тие прво ги преведуваат од грчки на бугарски јазик за да ги направат подостапни за бугарскат научна јавност а потоа си го присвијуваат целосното македонско ајдутство како – бугарско ?! Најчесто преводот и објавувањето е од Јорданка Калудова но и др., кои се дури и кон грчкиот автор перфидни зашто не кажуваат дека ги превзеле од неговите публикации.

Ахмед Рефик објавува многу турски документи за ајдутството кај Македонците
Но особено перфидна кон македонската наука е Бистра Цветкова. Таа објавува зборник од 392 турски документи но без никаква научна вредност бидејќи на експертите по ова прашање им биле добро познати истите документи зашто се веќе објавени кај А. Матковски, Д. Шопова но и Ваздравели и Ахмед Рефик. Во зборникот на Цветкова 85% од документите се преземени од I и II том на А.Матковски, а другите 15 % се од зборниците на Шопова, Ваздравели, Рефик и по некој бугарски турколог. Бистра Цветкова не само што не дала ништо ново, туку на многу места ги прилагодила т.е фалсификувала според бугарска кауза . Така на пример:

- во турскиот оригинал за Македонци ајдути и мартолози каде што стои “Јован“ кај нејзе го прави “Иван“,

- во турскиот оригинал каде што стои “с. Цапари“ кај нејзе го испревртува во “с. Чапари“, иако такво село во Македонија не постои.

- во турскиот оригинал каде што стои: “смртна пресуда за ајдутинот Никле“ кај нејзе вметнала : “ ..за бугарскиот ајдутин Никле“, иако не стои “бугарски “, ниту “македонски “,”грчки“,”српски“ или било каква националност (спореди документ бр. 49 кај Цветкова со бр. 28 кај Матковски, том I)

- во турскиот оригинал каде што стои: “селаните му подигаат обвинение на ајдутскиот барјактар Никле Скокле од Буково“ кај нејзе го прави : “заможни Б`лгари подигат обвинение срешу хаидутски баирактар Никле Скоклев от Буково“. Значи во турскиот оригинал нигде нема ”Б`лгари“ а уште помалку презиме “Скоклев” како што сака Цветкова да е но е само –Скокле (спореди документот бр. 142 кај Цветкова со бр. 43 кај Матковски од том II)

- тенденцијата на Цветкова се да бугаризира и фалсификува се гледа и во вешто склопените фрази во уводот на стр. 8 каде вели дека документите ги: “предадох на литературен б`лгарски език“ што би значело дека документите објавени од А. Матковски и од Д. Шопова биле на нелитературен бугарски јазик а не на македонски јазик.

Воопшто целиот зборник на Цветкова е на големобугарски позиции бидејќи целокупната македонска ајдутска дејност и сите ајдути Македонци се присвојуваат и претставуваат како бугарски.
Но токму на овој начин и со овој зборник издавачите си направиле лоша услуга и на целата бугарска историографија бидејќи 95% од објавените документи се однесуваат на ајдутската дејност и ајдутите од Македонија. Се поставува прашањето – Значи ли тоа дека во Бугарија немало ајдутски отпор, туку целокупниот отпор е концентриран само во Македонија? Од зборникот на Цветкова, токму тоа произлегува и се заклучува. Се разбира научната критика и особно турколозите заради ова поразително ја искритикуваа и Цветкова и нејзината историска истина.

(Hasan Keleshi “Osvrt na knjigu bugarske istoricharke Bistre Cvetkove o hajduchiji u bugarskim zemljama od XV do XVIII veka” – Jugoslovenski chasopis, br. 3-4, Beograd 1975, str. 170-188; М. Соколоски “Критички осврт на публикацијата – Хајдутсво в б`лгарските земи през XV/XVIII век“ од Бистра Цветкова, Историја, год. VIII, бр. 2, Скопје, 1972, стр. 289-301)