Британски и американски мисии во Македонија 1944 г
Македонските ослободителни сили, се поблиску соработуваат со Британците и Американците кои најдиректно и постојано ги следат борбените дествија на веќе искалената и се побројна македонската војска, против бугарските и германските окупатори.
Ова го прават преку испраќање на свои мисии како и разновидна воена и друга помош (храна, лекови и санитетски материјали и др.).

Тито и Англичаните спротивставени во инструкциите за рушењето на комуникациите во Македонија
Но особено е значајна и помошта од военото планирање, меѓусебно информирање и сличен вид соработка. При едно писмо од ГШ на НОВ и ПОМ од 12 септември 1944 год. со кое се информира Тито како течат борбените дејствија во Македонија за отежнување на германското повлекување од Грција, Тито реагира кога дознава за тоа дека македонските единици дејствуваат според британски инструкции. Така Англиската воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ кога бара од истиот да се рушат сите комуникации, освен комуникацијата Солун-Велес, Тито реагира со следната депеша :

[ До Главниот Штаб на НОВ и ПО на Македонија ]

13 септември 1944
[Вис]

Мора да се рушат сите комуникации со кои се служат Германците, па и оние што водат од Солун кон Велес. АНГЛИЧАНИТЕ НЕМААТ ПРАВО ДА НАРЕДУВААТ ШТО ДА СЕ РУШИ. Треба да се руши се она што им користи на нашите војнички операции. Според тоа во иднина управувајте се.


(Извори: А-ВИИ, к.234, рег.бр.20-52/1)


При рушењето на комуникациите британската мисија при ГШ на НОВ и ПОМ со свои упатства кон Македонците

Појаснение :

Британското и американското вплеткување во македонските работи е интересно и од следниот аспект. Имено, тие како да имаат интерес за ослабување на Титовите југо-комунистички позиции на Балканот заради што во игра е и создавање засебна македонска држава. Ова подоцна го потврдуваат и други релации меѓу Македонците и западот, особено тајните преговори за Македонија помеѓу Черчил и Ченто а заради што последниов и ќе настрада од Титовите служби. Ченто како граѓански ориентиран политичар уште од времето на кралска Југославија кој никогаш и не бил комунист до војната е единствениот таков лидер на еден народ од екс-Југославија, па е цел на западниот интерес.

Тито со депеши за англиско-американското инволвирање во Македонија во однос на рудните потенцијали
Но дека ниту Англичаните и Американците не седат со скрстени раце во однос на Македонија говори и податокот што и тие вршат притисок на Тито да не се плетка во македонското ослободително движење и соработката на последново со САД и Британија. Ова се осознава и од една друга подоцнежна депеша на Тито до ГШ на НОВ и ПОМ која гласи :

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

14 декември 1944 година
[Белград ]


На протест од Англичаните и Американците, ние ги оставаме и натаму нивните воени мисии кај вас во Македонија, исто како и Советската.


(Извори – А-ВИИ, к.26, рег.бр.9-7/12)

Исто така од други депеши се огледа и интересот на западот за македонските природни ресурси и богатства што само уште повеќе го докажува интересот за евентуалното поцелосно инволвирање подоцна. Една претходна депеша од Тито предупредува за ова :

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

21 ноември 1944 година
[Белград ]

Податоци за рудниците и рудите немојте да им давате на Англичаните. Ако треба ќе даде Националниот комитет.

(Извори – А-ВИИ, к.26, рег.бр. 9-4/12)

Но дека Тито кога е во прашање Македонија не е со најповолно мислење а пред се заради големиот интерес на западот за неа кој е веќе наголемо замешан во нејзините работи говори и неговиот исказ од седницата на Политбирото на ЦК КПЈ од дури неполна година по овие преписки. Имено тоа е седницата оддржана на 01 април во Белград, а на која присуствуваат (според записникот од седницата) : Тито, А.Ранковиќ, С.Жујовиќ, М.Ѓилас, М.Пијаде, А.Хебрант, С.Вукмановиќ, Б.Нешковиќ, К.Попивода а подоцна пристигнал и Е.Кардељ. Иако на Дневниот ред е прашањето за Косово и Метохија, Тито не можејќи да се создржи во врска тековните судири со македонското раководство предводено од Ченто, Брашнаров, Влахов и др. од постарата гарнитура прекалени борци на македонската национална кауза, ја исфрла Македонија како проблем велејќи :

“Македонија е најоддалечената земја од Југославија, не дава колку што може за војната и обновата. Македонија се повеќе станува предмет на меѓународни интриги и сплетки.
На партиската организација во Македонија треба да и се објасни што значи федерација“.



Тито со своето раководство жестоко против македонските засебни национални стремежи кои се пресретнаа со интересите на Западот при крајот на војната

(Извори – Архив ЦК СКЈ, Фонд на ЦК КПЈ, рег. Бр. III/ 1)

Македонците предводени од ова раководство сонуваа и најотворено бараа враќање на другите два нејзини откинати дела (Пиринска и Егејска Македонија). За ова контактираа и кокетираа и со западот, што го збесна Тито и Сталин па тргнаа перфидно да ја оцрнуваат Македонија и нејзиното раководство.