СООДНОС на Пропагандата и Информацијата

Информацијата(иите) се основна “храна “ за пропагандата. Соодносот помегу Пропагандата и Информацијата е суштински “Informatio” (Informare) е Латински збор што означува – објаснување, известување но и поучување, упатување и сл.


Дури и самиот поим е составен од два збора – “In”(во) и “formare” (обликување), што пак заедно означува - вообликување.

Битната  разлика помеѓу информирањето и пропагандата е што информирањето настојува да биде “објективно известување на јавноста“ додека пропагандата  има за цел преку средствата на информирање да стекне “влијание и контрола” над мислењата од поединец или групи, над јавното мислење заради усмерување на нивните акции, во посакуваната цел на пропагандата.
 
Едноставно пропагандата не оди кон тоа да извести, туку –  ДА ВЛИЈАЕ .Таа при тоа може да користи   вистини или  невистини информации а најчесто - комбинација од двете. Вистина со само “коментар” од страна (преку различни форми на јавна презентација- карикактура, виц, прес,говор, плакат, графит и др..), може да даде многу добар пропаганден ефект.

Во доменот на праксата а особено политиката, разлики помегу информирањето и пропагандатa нема. Тие се губат помеѓу информирањето во поширока смисла и пропагандата, едноставно тие во политиката се едно исто и не можат да се раздвојат. Тој кој информира во полтиката далеку е од тоа да даде неутрални податоци и биде непристрасен во објаснувањето на случките, мислењата, потребите и сл. Тој ќе настојува низ изборот и толкувањето на тие податоци да влијае на посакувањата (желбите) од  оној на кому се обраќа.