Богати наоѓалишта во Кочанско

На археолошкиот локалитет Св. Атанасиј", кај кочанското село Спанчево, минатата година во две истражувачки кампањи се откриени значајни артефакти од енолитскиот период, односно 4 век пред нашата ера.
Откриени се предмети од керамика, глина, од школки и женски фигури во најразличен облик.
Според надлежните од Музејот на Македонија, најзначајниот откриен предмет е фигура на машка глава, редок примерок, што ја збогатува и збирката на ретки артефакти од овој археолошки локалитет од енеолитот. Откриените артефакти, според археолозите, се идентични со откриените артефакти на археолошкиот локалитет Пилаво, кај село Бурилчево, Кочанско, со што се потврдува поврзаноста на овие два локалитета од левата и десната страна на Брегалница.
|