Европа во I половина на XX век

Во своите Мемоари, маршалот Жофр, за битката кај Марна, вели дека непријателската пропаганда,  енергично, го угушила гласот на победникот не само кај сојузниците и неутралните но и кај самите Французи.


Но и Германците биле изложени на  пропаганди од  сојузницитe. За ова Херман Фреч вели: “Економскиот притисок и пропагандата, допринесоа најдобрата војска на светот да подлегне на притисокот на масите и да биде совладана.“ (H.Frech, “Ratna veshtina danas i sjutra” kn.2, Biblioteka “Ratnik”, Beograd, 1939 g. str. 96). Англија имала Министерство за пропаганда за кое Ричард Рован ќе каже дека е основано за уништување на Германската доверба. (Richard V. Rovan, “Shpiunaza svijeta kroz vijekove“- Narodna kultura, Beograd, 1938, str. 700).
Вандершек  тврди дека Антантата, не победила со војска, туку со “Генералштаб на идеи“ и со помош на “Величенствено сработената пропаганда“ (Herman Wanderscheek, “Weltkrieg und Propagande”. Verlag von E.S. Mittler, Berlin, 1936, str.15 ).

Франција во I Светска војна  влегла со развиена пропагандана мрежа ширум светот, од кои особено активни биле различните верски сојузи и комитети. Но дури во 1916 го. Таа ги целокупните пропагандни служби, ги централизира во I половина на 1916 год.Во февруари 1916 год. се основа “Куќа на штампата“  (Maison de la presse) со 4 ограноци – 1. дипломатски, 2. воен, 3. превод и следење на странска штампа и 4. пропаганда.

Царска Русија го основа – “Комитет за пропаганда“со одделенија за – агитација, филм и штампани материјали, музика и уметност и др. Комитетот организирал – митинзи и конференции, курсеви за агитатоти во внатрешноста и странство, умножување и дистрибуција на филмови, фотографии, летоци, брошури, кариктатури, списанија и др.
Во однос на пропагандите кон Балканот и особено Македонија (овде види под –  “(РУСИЈА) , Русија и македонскиот народ (публикации 1828 – 1913 г.)”

Британија отишла најдалеку во развојот на пропагандната густа мрежа од вакви установи.Уште во август 1914 год. е основано Централното биро за штампа и пропаганда (Official press bureau), па – Централен комитет за патриотски и национални организации кому му биле подредени многу пропагандни здруженија. Во овој Комитет биле  народни пратеници, јавни работници и др. Во Англија, Шкотска и Велс биле основани 400 пододбори, кои работеле на ширење позитивно расположение но и откривање и сузбивање на туѓи пропаганди. Во надворешната пропаганда комитетот имал 250 говорници. Секој ден одржувал седници со најразлични прашања. Соработници на комитетот биле – теолози, филозофи, педагози, лекари, правници, уметници, историчари, индустријалци и др. Пропагандните материјали се растурани по здруженијата, домовите, хотелите, касарните и сл. И уметноста била вклучена во пропагандата – славниот  Х. Џ. Велс бил ангажиран против Германците. Филмот и сликата  се прикажувале ширум  салите и од најдалечните фронтовски линии во најодалечените места. Таму каде немало кино сали, се користеле подвижни кина.

Хитлер пак,  ќе го даде својот одговор за пропагандата – “Пропагандата е страшно оружје во рацете на човек кој знае со неа да се служи. Пропагандата нас не доведе на власт, ни овозможи да ја зачуваме власта, пропагандата ќе ни овозможи да го завладееме – светот”.