Фондација за афирмирање на Кокино
Во текот на наредната недела, односно до 20 јануари, ќе се формира фондација "Кокино" со седиште во Скопје, чија цел ќе биде заштита и афирмирање на оваа мегалитската опсерваторија пред домашната јавност и светот.

Според Јовица Станковски, директор на Музејот во Куманово, фондацијата ќе има програма и статут за работа, а активностите ќе бидат финансирсни од донатори, правни и физички лица од Македонија и странство, за што веќе постои голем интерес.
-Подготвен менаџмент план за управување со Кокино. На мегалитската опсерваторија ќе продолжат археолошки истражувања, а локалитетот ќе биде промовиран и преку организирање на разни настани кои таму ќе се случуваат, додава Станковски.

На Кокино, кое е прогласено за споменик на културата од прва категорија, утврдено е каде може да се интервенира, за да не се наруши специфичноста на локалитетот. Поставени се и патокази, а се гради и барака каде што ќе се продаваат брошури за опсерваторијата и ќе се продаваат сувенири.

(Д.Т.)