Кое е бугарското учество кон Германците во 1944 г.
По добиеното одобрување од маршалот Тито а сходно договореното во Крајова 1944 год., Бугарите се вклучуваат во ослободителните операции иако би се рекло многу симболично.
Така Македонија во најголем процент е ослободена од сопствената македонска ослободителна војска а Бугарите се вклучуваат само во некои операции во источна Македонија. Но колку е и тоа вклучување сосем непотребно и симболично доволен е податокот дека од 13 поголеми места во источна Македонија само за две ако може да се каже дека Бугарите ги ослободиле иако без посебни борби а во три други делумно ги следеа македонските единици. Останатите градови (меѓу кои и Скопје) далеку послабо вооружените и недоволно пополнетите македонски единици сами си ги ослободија.


Македонците сами ги ослободуваа своите градови и села, митинг во ослободено Неготино

Но многу повеќе бугарските единици се предвидуваше да бидат употребени во доослободувањето на источна Србија, Косово и Метохија како и содејства со НОВ и ПОЈ на Сремскиот фронт. Така 1-та бугарска армија (командант Генерал-лајтнант Владимир Стојчев) која оперативно беше во состав на 3-ти Украински фронт од Црвената армија од 19-ти декември 1944 год.па до почетокот на јануари 1945 год. учествува во некои борби на Сремскиот фронт. Но и тука Бугарите се посрамотија па прашање е дали може да се каже дека тие “учествувале“ во овие борби.


И додека македонските единици ги чистеа Германците и на Сремскиот фронт, испратените Бугари ниту таму не се покажаа

Имено, тие учествувајќи со две свои дивизии во првиот ешалон на правецот: Сотин-Вуковар и Оролик – Винковци (но и другите бугарски единици), постигнувајќи очајни резултати особено во критичниот период од 22 до 27 декември 1944 год., повлечени се комплетно како 1-ва бугарска армија од Сремскиот фронт. Така се префрлени во јужна Унгарија, северно од реката Драва, каде ги сменуваат единиците на 12-ти корпус на НОВЈ, кои пак оттаму тргаат директно во борбите на вировитичкиот мостобран.Така бугарските сили тука и остануваат да го држат зафатот на реките Драва и Мура, кон северозападните краишта на тогашна Југославија. Делумно соработувајќи со единиците на 3-та армија од НОВЈ имаат незначителни дејствија по некои германски единици.

Се на се целокупното учество на Бугарите во завршните операции против Германците и остатоците од домашните квислиншки елементи е доста симболично, незначително и дури непотребна авантура со оглед на ефектот од сето тоа. Многу поголема е тежината на четиригодишната окупација како најверни Хитлерови сојузници, со пљачките, тортурите и ѕверствата кои ги извршија над повеќето окупирани народи од кои особено настрада македонскиот народ.