Бугарите молат за учество во завршетокот 1944 г.
Новата бугарска влада настојува да го испери срамот за сојузништвото со Хитлер и за ѕверствата на Бугарите извршени врз Македонците, Србите и другите народи.
Не наидувајќи на соодветно внимание кај раководствата на народите кои дотогаш беа под нивна окупација зашто истите сега беа зафатени со посуштински проблеми (завршни операции против германските армии, пустожот, гладот и сиромаштијата од војната, воспостваување ред на териториите со администрација, судство,образование и сл. институции, и.т.н), Бугарите тргнаа и со лукавства.

Командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Апостолски првично ги одбива преговорите со Бугарите
- На 29 септември 1944 год., Бугарите упатуваат до македонскиот ГШ на НОВ и ПО покана за разговори што Македонците го одбиваат со изговор дека не се извршени консултации со ВШ (Врховниот штаб) и сојузниците за новиот однос кон Бугарите. Едноставно, Македонците не можеа сами да ги “амнестираат“ Бугарите ниту на хартија со некакви сојузништва а да на терен нивните трупи и после речиси месец по капитулацијата сеуште се со Германците или пак директно штетат предавајќи им големи количини оружје и техника. Ниту Тито, ниту Русите ниту Британците кои во ова време беа целовремено со своја воена мисија кај Македонците, не ги имаа разрешено Бугарите од дотогашната одговорност или пак ги прифатија за свои сојузници. Никој не сакаше да си преземе таква одговорност на себе да простува бугарски гревови извршени врз окупираните народи. Но што се случува понатаму со ова бугарска лукава иницијатива ?

- На 01 октомври 1944 год.,по негативниот одговор од Македонците, во ГШ на НОВ и ПОМ доаѓа еден член на ЦК на Бугарската работничка партија (комунисти) кој ги кани Македонците на конференција во Софија. Генералот Апостолски како Командант на ГШ на македонската ослободителна војска повторно ги одбива Бугарите со образложение дека не може да се оди и преговара во Софија без консултации со Тито и другите сојузници. Бугаринот тогаш применува најгруба лага, вели дека треба да се сретнат на покана од маршалот Толбухин (Командант на руските трупи) кој ги известил Тито и другите лидери па не било потребно посебно одобрение заради итноста! По таквото образложение ГШ на НОВ и ПОМ упатил делегација во Софија на преговори, но таму се покажало дека маршалот Толбухин воопшто не ги поканил ниту знае нешто за преговори (?!). Лути Македонците по ова веднаш прекинале секакви преговори со Бугарите и се вратиле назад. За цел овој настан ВШ на НОВ и ПОЈ со посебна депеша од 06 октомври 1944 год. го известува Тито при што ги опишува сите околности (А-ВИИ, к.26. рег.бр.13-6/13)

- На 05 октомври 1944 год. во Крајова (Романија), по враќањето од Москва, Тито се среќава со делегација на Отечествениот фронт од Бугарија на нејзино барање. Бугарите пред да биде Тито известен за нивните очигледни заткулисни обиди со средбата кон Македонците, настојуваат некако да ги изгладат околностите но и од него да добијат поконкретно одобрение.


Од градот Крајова, Романија, Тито ќе води преписка со Македонците за споовите со Бугарите

Имено, оваа делегација сега директно го моли Тито да им овозможи со своите армиски сили некакво учество во завршните операции во Македонија, Србија и понатаму по потреба.

Но договор со Бугарите се постигнува дури во средината на октомври 1944 год. по повеќе состаноци и преговарања иако за нивно учество во завршните операции и ќе нема никаква потреба а ниту таму каде ќе бида вклучени не ќе се покажат посебно. Тито за овие историски моменти на одлука за бугарско вклучување, подоцна ќе рече:

“Иако немаше оперативни причини за учество на бугарската отечественофронтовска армија во операциите на југословенска територија, во разговорите од 05 октомври 1944 год. во Крајова, и излеговме во пресрет на молбата од бугарската влада да и се даде можност за рехабилитација на Бугарија со учествување на нејзините единици во борбата против Германците“.

(весник “Борба“, 22 декември 1976 год.)