Манол Розов (? – 1903 год.)
 Роден во с. Бобишта, Костурско.
 Завршил грчка гимназија сo што бил ценет работник во организацијата, меѓу Македонците патријаршисти кои што биле на страната на револуционерното македонско дело.

Тој дејствувал активно во Костурско заедно со Иван Попов, Иван Иванов и Лазар Поп Tpajков во време на Илинденското востание. При крајот на востанието, на врвот "Сокол" во Ниџе Планина неговата чета била опколена и води крвава борба. Во таа борба Манол Розов го жртвувал својот живот на олтарот од татковината пеејќи ја песната “Убава си моја горо". Загинал херојски со пушка в рака и со песна на усни. Неговите другари со штикови му го ископале гробот и го погребале предавајќи и го на земјата која го роди и за чија љубов загина - Македонија.