Крсте Љондев (? – 1928 год.)
  Крсте Љондев родум е од с.Неокази, Леринско, бил реонски војвода во Леринско и голем приврзеник на Внатрешната организација.
 За време на конституциониот режим во Турција, Крсте е совесен граѓанин како дел од федеративната партија на Сандански. На обидот на.бугарскиот консул во Битола Неиков да го поткупи Крсте, по пламениот говор од Љондев на крајот само му одговара: „Сега разбрав оти санданистите се прави."

После I Св. војна, Крсте се настани во Битола, каде што е убиен во 1928 год. од српската власт по провокација од бугарските врховисти. Врховистите перфидно ги елиминраа старите македонски кадри било во атентати било со предавства на властите каде и да се најдеа, било со провоцирање меѓусебни кавги и чистки, а Љондев е само уште една од големиот број жртви на тоа бугарско злодело.