Развој на пропагандата XVIII-XX

 Во Американската војна за независност (1775- 1783) наголемо се користеле памфлети и пошироки летоци.


Еден од летоците е особено интересен по својата кратка но силна пропагандна слика. Со овој леток се наговарале контрареволуционерните сили кои го држеле  Банкер Хил  да прејдат кај пропагандистите од Проспер Хил. А тие им пишале:
– Проспер Хил - 1. 7 долари месечно 2. Свежа и обилна храна 3. Здравје 4. Слобода, удобност, изобилство
Банкер Хил – 1. 3 пенси на ден 2. Смрдливо и солено месо 3. Шуга 4. Ропство, просјачење, сиромаштво.

Во Американската граѓанска војна, судирите почнале заради пропагандни летоци, и во нив се употребувале – Фронтовски летоци. Американците масовно го користеле печатот кој многумина го сметаат за почеток на вистинската пропаганда (по жестината). И самиот Џорџ Вашингтон посебно внимавал на пропагандата. Лично се ангажирал при пишување на текствите, а барал од пропагандистите да им даваат еднаков публицитет и на измислените и на вистинските приказни за Британската суровост.

Во Американската револуција, преку памфлети и сл., смислено се ширеле гласини. Како прв – “Професионален пропагандист“ е познат – Семјуел Адамас (Semuel Adams). Тој енергично и вешто си ја обавувал специјалната задача – ширење гласини.
Пропагандата во I Светска војна, толку се развила што оставила се зад себе, што до тогаш како пропаганда се појавило. Се зборувало дека оружјето троши многу муниција на Фронтовите, но и дека Пропагандата не троши ништо помалку хартија и мастило, кои се сепак “поефтини и похумани“ од муницијата.

Пропагандата кај Наполеон Бонапарта

Големите освојувачки походи на Наполеон, барале интензивно ширење на гласини кои кај домашната јавност, би ја поттикнале омразата кон непријателот. Наполеон развил силни пропагандни активности. Тој говорел: “Не е доволно, за да се биде популарен, да се прави добро. Потребно е уште, да  оние со кои се владее, бидат убедени во тоа. Силата е заснована на јавното мислење“ (Jean Marie DOMENACH, La propaganda politique, Presses uni versitaires, de France 108, Bulevard Saint – German, Paris, 1965, str. 7).