Дине Абдураманов (? – 1902 )
 Дине Абдураманов револуционерен деец, активист и херој на ТМОРО во која пристапил во 1898 год.
 Роден е во с. П`теле, Леринско.Toj е многу популарен и сакан од народот како негов смел заштитник. Се бори во четата на војводата Марко Лерински.

Во август 1902 год. оваа чета е опколена од турски војски во неговото родно село, Дине не сака да се повлече, се забарикадира во една од куќите и цели три дена пружа жесток отпор, нанесувајќи му Турците сериозни загуби. На последниот трет ден, после шест часовна борба откога му привршува муницијата Дине се самоубива и со тоа пркосејќи му на поробувачот. Но со тоа дава и пример за бестрашноста и бесмртноста на македонското дело кое го продолжуваат веднаш нови кадри на местото од паднатите, зашто се хранат и појат од ваквите смели чинови како на Дине.