Ѕоле Стојчев
 Ѕоле Стојчев е роден во с. Баница, Леринско. Бил долгогодишен лерински војвода.
Преку конституциониот младотурски режим во Турција станува предводник на народното движење во Леринско, ориентирано кон санданистите. Како таков Ѕоле станува првенствена цел на врховистите, кои што имаат злочеста мисија – да ги компромитираат младотурците пред македонскиот народ и направат јаз меѓу нив и народот како би влегла на сцена бугарската пропагандно-експанзионистичка политика (помош од Болгарите -“братскиот народ“ !).Токму против ова се бори Ѕоле и санданистите кои ги увидоа предностите од новиот парламентарен живот. Почнаа да издејствуваат закони и државни решенија кои се повеќе на Македонија и македонскиот народ му ги кинеа ропските синџири и го водеа кон автономија.
Ha еден митинг во Лерин, на 31 декември 1909 год. Ѕоле рекол:

“Б р а ќ а,
Треба да работиме за конституционализам, во тоа со Турците ние на дело да се побратимиме, за да ја завардиме територијалната целина на Македонија. Тој е нашиот спас. Инаку ние стануваме објект за освојување од надворешни грабачи, кои што бараат богатство во нашата богата земја — Македонија".