Стојан П. Гушле
Војводата Стојан Попов Гушле е еден од старите народни дејци за слободата на македонскиот народ.
Во 1883 год. собира одбрани момчиња и како војвода крстосува низ прилепските, воденските и тиквешките планини уништувајќи многу народни душмани. Тоа му дава слава на народен закрилник. Роден е во с. Косинец, Костурско во 1848 год.