Пропаганда кај другите владетели и држави

Пропаганадата кај  Монголите и Хуните (Џингис – кан, Атила)


Најновите истражувања докажуваат дека големото Монголско царство под Џингис-кан, толку  се раширило, заради добро организираната ангентура, која предходно ширела “вести”,низ земјите кои биле следната цел.
Овие вести се однесувале за тоа што луѓето и инаку ги интересирало а тоа е – неизвесноста и незнаењето за она што доаѓа на кај нив. Затоа и ги прашувале овие божем случајни трговци, патници и се во што биле преправени агентите на Џингис-кан, токму такви прашања. Како луѓе – од непосредна близина што виделе се, агентите им ги опишувале Монголите – како изгледаат, како се однесуваат, што се и сл.
На Европејците им се сервирало дека Монголците “се особено луди и  свирепи“, а нивната коњица е всушност “Безбројна орда“ и дека “трупите им се како скакулци и невозможно е некогаш да се избројат. Всушност, овој главатар, кога извршил смотра на својата армија, увидел дека брои 700 000 луге“ (Petis da la Croix, The History of Genglircan the Great First.Ruperor of the Mogulis and Tartaris . London 1722, str. 15 )

Слично и за  Хуните, позната е изреката за водачот Атила дека е – “Бич божји“, или дека каде тој (и Хуните), поминува таму,”трева не расти”. Се разбира сето ова е со една цел – паника и страв, хаос и малодушност, уште и пред самото доаѓање на војските. И Атила имал голема армија од шпиони, насекаде. Ги осуетувал атентатите уште во нивниот зародиш.