Меѓународен саем за туризам
 Од 17 до 20 јануари, годинава, во Охрид ќе се одржи вториот Меѓународен саем за туризам, под покровителство на премиерот Никола Груевски.

 Манифестацијата ја организираат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Македонската хотелиерска асоцијација во соработка со приватниот сектор.

Целта на саемот, како што изјави вчера Зоран Стрезовски, претседател на Агенцијата, е промоција на македонскиот туризам во странство. Според него, дел од предвидените активности се Форумот за туризам во чии рамки ќе се одржат три трибини - ИПАРД-фондовите за развој на руралниот туризам, Македонија како туристичка дестинација и импликација на глобалната финансиска криза врз светскиот и домашниот туризам, како и државниот натпревар за гастрономија.

Организаторите најавуваат учество на излагачи од околу 30 земји, голем број странски тур-оператори и присуство на претставници од повеќе меѓународни организации за туризам.