Константин Држиловиќ (?—1890)
Роден е во с. Држилово — Воденско. Еден од видните дејци, како во грчкото така и во македонското ослободиггелно движење.

Во 1821 год. бил активен борец во грчката завера и во текот од 30 год. работи за остварувањето на грчката независност.Во 1852 год. оди во Солун каде и ако со грчки букви, ја отвара Хаџи Теодосиевата печатница. Во истата год. го отпечатува евангелието, преведено од Павел Божигробски на воденски говор. Се оддава целиот на родољубива дејност.