Иван Генадиев (1829—1890)
Роден е во Охрид. Татко му бил митрополит Генади.

Иван завршил филолошки науки во Атина. Првично бил под силно грчко влијание и се мислел за Грк. Но подоцна на мајчин говор го става пред се и како и други грчки воспитаници, се изјаснил против грцизмот и се борел за духовното ослободување на македонскиот народ. Пишувал песни и други творби на грчки и македонски. Издавал и посебни книги.