Византија и пропагандата

Константин Велики (Flavius Valerius Constantinus Magnus) објавил дека на небото му се појавило предскажување во облик на крст со натпис “Во овој знак ќе победиш“ на овој начин ги придобил мнозинството војници од противникот на своја страна кои инаку биле Христијани.


Не само тоа подоцна ова истото искуство и од само една битка го применил на цели народи и територии. Имено сваќајќи дека  Христијанството е религија која веќе освоила големи територии и народи и официјално го прогласил како единствена државна религија. И самиот се преобртил во Христијанин а подоцна го свикал и првиот Вселенски собор во 325 год., се разбира повторно заради влијание на сите Христијани и народи.

Всушност преку Христијанството и институцијата – “Вселенски собор“, Константин и др. подоцнежни цареви се здобиле со тело за полесна доминација над народите особено  по поделбата на царството. И  ден денес Вселенскиот собор како институција ја има истата улога за полесно влијание над народите каде има православни но и мн. пошироко. И најмалку и е битна вистинската грижа за православните народи, туку сопствената комоција и престиж. Доказ за ова се  Анатемите кои овој собор ги фрлаше врз сите востанија  на православните народи (дури и на Грчкото востание, а и на нашите македонски востанија особено на – Илинденското) се разбира во дослух со Турскиот двор.