Григор Прличев (1830—1893)
Роден е во Охрид. Учел во Атина, каде бил овенчан со ловоров венец за неговата поема "Амартолос" — Сердарот, во која е изразен животот на македонскиот народ од Река — Дебарско во време на турското ропство.

 
Григор Прличев
Бил многу гонет, затваран и интерниран од турските власти по клевета на грчкиот владика Милети од Охрид поради тоа што ги учел децата на мајчин јазик. Бил пламен борец против еленизмот и борец за преродбата на македонскиот народ. Умрел на 25 јануари 1893 год. По смртта на браќа Миладинови, Прличев го преведува "Сердарот" од грчки на македонски јазик.