Васил Антевски – Дрен
Роден 1904 год. во с. Оморане, Велешко, осуден и обесен на 18.VII.1942 год. во Софија од Бугарите заради македонски национални чувства и борба против бугарскат окупација.

Пред војната му припаѓал на напредното младинско и студентско движење и се изградува во висок македонски интелектуалец.

По завршувањето на Правниот факултет во Белград работел како адвокат во Велес, Скопје и на други места низ Македонија. Заради својата непомирлива национална македонска борба и организирање на македонски интелектуалци и граѓани, во 1937 год. е осуден од кралската српска власт на една година затвор кој го издржува во Сремска Митровица. Но како веќе забележан и опасен по државата елемент не прекинуваат прогоните и затварањата од тогаш. Од 1940 до март 1941 год. е во логорот Ивањица, Меѓуречје.

По окупацијата од страна на Бугарите, Антевски е меѓу првите излезени со пушка во раце во одбрана на својот македонски народ. Ноември 1941 год. како борец на Скопскиот партизански одред, по обемните операции против одредот, паѓа во рацете на бугарската окупаторска полиција.
Му суди Прекиот воен суд во Скопје од 27.IV до 09.V.1942 год.

На процесот Бугарите му забрануваат да зборува македонски и бараат да зборува бугарски. Но исмевајќи ги Антевски им зборува на француски јазик. Во лице им кажува за својот македонски народ и неговата борба јавно осудувајќи ја бугарската окупација на Македонија. Заради ова осуден е на смрт со бесење што се извршува во Софија.