Вокалите во непосреден допир
Непосредниот контакт на вокалите се остварувал со губење на извесни консонанти во интервокална позиција
Тоа создало услови за асимилирање на вокалите или за образување на дифтонзи.Во стариот период од нашиот јазик вакви услови се создале особено поради губењето на “Ј” во сложената придавска промена, во имперфектот и др. Ова се одразува дури и во т.н.р “старословенски” текстови (црковни) каде вокалските асимилации и контракции што станале во тие случаи.
Пр. во сложената придавска промена:

- ДОБР`јИ = ДОБР`ЕИ,
- ДОБРАГА = ДОБРАА, ДОБРА,
- ДОБРАјЕГО = ДОБРААГО = ДОБРАГО
- ДОБРОУјЕМОУ = ДОБРОУОУМОУ = ДОБРОУМОУ
.

Во имперфектот: ЗНААХз=ЗНАХз, МОЛ`ЌАХ=МОЛ`ЌХз.
Еднородните вокали во непосреден допир се контрахирале во еден слог, образувајќи нова должина, а попосле се дошло и до скратување на таа должина. Со асимилација на “Е” во основата на сегашно време кај глаголите од III група се образувала посебна глаголска група во нашиот јазик, “А-група”: ПОДОБАЕТз=ПОДОБААТз=ПОДОБАТз.

Во поново време услови за вакви промени се со создаваат со губењето на “Х”, “В”, “Ј” \и некои други консонанти во интервокалната позиција. Еднородните вокали притоа се слеваат во еден слог со должина:

- ГЛАВА = ГЛАА,
- СНАХА = СНАА = СНА`
- БЕГАХА = БЕГАА = БЕГА`
- ТАЈА = ТАА = ТА`
- ЗМИЈИ = ЗМИИ = ЗМИ`.
 

На овој начин и во современите македонски дијалекти се образуваат нови должини. Бидејќи тоа се случува на допирот на морфемите, во фонолошка смисла е поправилно нив да ги интерпретираме како секвенци од два кратки вокали како посебни фонеми во системот на тие говори. Впрочем, тие должини не се карактеризираат со стабилност, бидејќи во истите говори често и се разлагаат со аналогни преобразувања на гласовниот состав на морфемите. Пр. БЕГАЈА покрај БЕГА` во прилепскиот говор.

Ако вокалите во непосреден допир се разнородни, добиваме различни резултати. Нагорен дифтонг се добива во случај да е вториот вокал “И”: 

- ВОЛОВИ = ВОЛОИ = ВОЛОЈ,
- КАПАВИЦА = КАПАИЦА = КАПАЈЦА
и сл.
 
Во прилепскиот говор може да се образува таков дифтонг и ако е вториот вокал “Е”: 
 
- ТОВАР = ТОАР = ТОаР,
- СМЕХА = СМЕА = СМЕа
 

Но ова е во прилепскиот говор доддека пак да речиме во струшкиот говор се елиминрал првиот вокал па имаме: 

- ТОАР = ТВАР,
- СМЕА = СМЈА


Но во најголем број говори како и во литературниот македонски јазик, изговорот на овие групи се чува неизменет а има и отклон на непосредниот допир од воклаите со развивање на “Ј” во групата – ЕА, ОА: БЕЈА, ЗЕДОЈА и сл. Во северните говори непосредниот допир на вокалите се избегнува со В во вакви случаи: БЕВА, ЗЕДОВА, ВИКАВА, СТАВАВА и сл. Од западното наречје за допирот на вокалите од проклитиката и глаголот в. &19. Пр.: 

- ШО’ ЈМА = ШО’ ИМА,
- КО’Ј МА = КО’Ј ИМА
,
- КА’Ј МА = КА’Ј ИМА.