За македонскиот јазик
Посебно е интересно да се следи развојот на македонскиот јазик низ средновековието особено заради влијанието на црковното слово и неговото ширење низ Македонија и Балканот.
Особено преминот на некои букви, гласови, вокали и сл.

ТЈ, ШТ = Ќ (пратје = праќе, свештар = свеќар, свештеник = свеќеник)
ЈН, НЈ = Њ (којн = коњ, бајна = бања или м`нја = м`ња-молња)
ДЈ, ЖД = Ѓ (медју = меѓу но и во др. говори – между = меѓу)
ЈЛ, ЛЈ = Љ (кајла = каља, силјан = сиљан, милје = миље)
С`д = З (с`драв = здрав, с`дрвен = здрвен)
ДЗ = Ѕ (дзвекот = ѕвекот, дзид = ѕид)
ЈА = Е (јадро = едро, јакот = екот, ја си = е си)
ЧЕ = Ц (череша = цреша, черн = црн но само кога ЧЕ е пред - Р)
В = Ф (р`вкот = р`фкот ,овкот = офкот, мавна = мафна)

ЈАДРО, ЈОДРО = ЕДРО

ЈАЖЕ, ЈАГЛЕН, ЈАДИЦА (зап. мак. гов.) = ВАЖЕ, ВАГЛЕН, ВАДИЦА (ист. мак)

ЧОЕК, ГЛАА, ТОАР = се губи В - во говори и услови, кратење
Х преминува во В и Ф (нивна, нифна), со ова се слеваат вокалите во еден слог (ЛЕБОВИ - ЛЕБОИ - ЛЕБОЈ) или како во.. 

Источна и југоисточна Македонија

- ЖЕНТА, ДЕТТО, ВУЛОВТО и сл. во источ. наречје (но и кавадареч - Гевгелис) каде зборовите се скратуваат со елизија на неакцентираните вокали пред морифемите.
- Ова елизија во западното наречје ја има но при допир на проклитика со глаголска форма што почнува со вокал – Ќ`ОДИ, Н`ОСТАНА, Г`ИЗЕДЕ, Д`ИСТИНЕ и сл. Оваа појава ја има и во грчкиот и аромаскиот јазик што кажува за влијанијата.
- Во источното наречје особено во ј/и дел неакцентираните вокали подлежат на редукција, така што Е = И или А, О = У но и А = А, Пр. “ЕСИН”, “УВЧАР”, “ПЛАНИН`ТА”


РУКА, ПУТ (Северна Македонија)
РОКА, ГОЛАБ (Галички говор)
Метатеза на ликвиди со која се отвараат соодветните слогови:
ГОРД = ГРАД (слог 12)
МЕЛКО = МЛЕКО (слог 12)

Т`М = ТЕМ = ТЕМНИЦА (слог 13) - Губење на ерови
С`ДРА`В = ЗДРАВ (слог 13)

ПС = антич.збор(“грч.“) = ПСАЛТИР, ПСОВИСА полесно придонеле за премин во словенските – ПСАТИ-П` и САТИ, ПСИ - П`и СИ, ( ПСОВКА -? )

Група “стн “ се упростила во “сн”= радостна - радосна, свестка - свеска

Т, Д се губат некаде = радос(т), приш(т), глуж(д), но и ог(а)н - ог`н
Групите - З`М и Т`Р = теат(а)р, социјализ(а)м (од туѓи јаз)

Почетни групи – М`ГЛ-, М`СК-, Л`Г, Л`Ж, во нив се развил вторичен вокал (МАГЛА, МАСКА, ЛАГА, ЛАЖЕ) па во нашиот јазик не е обична тогаш комбинација од сонант и консонант.

К, Г и Х во прасловенс. јаз. не можеле да стојат пред вокали од преден ред па се палатализирале и минале во – Ч, Ж и Ш (во I палатализација) т.е во – Ц, Ѕ и Ц ( во II палатализација) – ЧЛОВЕК - ЧЛОВеЧЕ -ЧЛОВеЦИ, БОГ- БОЖЕ - БОЅИ, ДОУХ - ДОУШЕ - ДОУСИ.

Грч.зборови – ANGEL I KEDAR па нивното усвојување К и Г ги прави со смекчено изговарање за што доказ е посебната буква за нив во глаголицата.

САКАЗ - турско изменет изговор
. .
А - рефлекс од старото “ЈАТ” по XIII век како глас преминал во - Е па на пример поимот – ВРАМА = ВРЕМЕ (и навистина времето е во некои рамки-врама-врамја и сл.)